вторник, 1, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Јуниорите на ФК „Кожуф“ 2-ри во групата на „Далматико Куп 2023“

Огромно достигнување и вредно искуство е придобивката за тимот јуниори на Фудбалскиот клуб “Кожуф“ од Гевгелија, генерација 2012 од учеството на годинашниот Интернационален фудбалски куп за јуниори „Далматико 2023“ што се одржа во Сплит, Хрватска

јуни 8, 2023
in СПОРТ
Јуниорите на ФК „Кожуф“ 2-ри во групата на „Далматико Куп 2023“
0
SHARES
560
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Огромно достигнување и вредно искуство е придобивката за тимот јуниори на Фудбалскиот клуб “Кожуф“ од Гевгелија, генерација 2012 од учеството на годинашниот Интернационален фудбалски куп за јуниори „Далматико 2023“ што се одржа во Сплит, Хрватска

Нашите 11 годишни фудбалски надежи ги вкрстија копачките на теренот со подмладокот на фудбалски тимови од врвен ранг со долгогодишна фудбалска историја, учествувајќи на турнир во конкуренција од 150 екипи и над 3.000 учесници.

Related posts

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025
Методија Ичев од Богданци истрча  маратонот на Олимп од 44 km

Методија Ичев од Богданци истрча маратонот на Олимп од 44 km

јуни 30, 2025

Гевгелискиот тим беше во групата со „Ду Талент“ од Дубровник, „Спалато“ од Сплит и „Војводина“ од Нови Сад. Во дуелите со овие екипи остварија одличен резултат. Најпрво го победија „Ду Талент“ со резултат 2 : 0. Вториот натпревар го одиграа со „Спалатико“ Сплит и остварија победа со 7 : 2. Третиот натпревар го одиграаа со еден од фаворитите на турнирот, „Војводина“ од Нови Сад, и овде во првото полувреме нашите јунори одиграа рамноправно со резултат 1:1 парирајќи им во игра на моќните фаворити, но на крајот натпреварот заврши со 1 : 4 за „Војводина“ Така нашите јуниори го освоија второто место во групата и се пласираа во осминафиналето.

Осминафиналето беше ново доживување на гевгелиските мали фудбалери. Овде за прв пат играа натпревар под рефлектори, ноќен термин со почеток во 21:00 часот За противници ги имаа „Хаск“ од Загреб, еден од најстарите фудбалски клубови во Хрватска. Натпреварот заврши со резултат 0 : 0 во регуларно време. По изведувањето на пеналите среќата не им била наклонета на нашите јуниори. Но ова за нив беше ново искуство и меѓународен барометар дека можат да се соочат и со моќни имиња од фудбалот.

Тренер на овие фудбалски јуниори, непоколебливи на меѓуародните турнири е фудбалското име од југот Трајче Ников.

– „Со генерација 2011/2012 тренираме уште од најмала возраст, некои деца имаа само 5 години кога го започнаа тренинзите, што е показател дека оваа работа треба време и трпение за создавање фудбалер кој може да истрае на правиот пат кон успехот и победата“ – изјавува за GevgelijaNet тренерот Трајче Ников.

Ников е горд на досегашните успеси на јуниорите на „Кожуф“ кои што тој ги тренира:

– „Генерацијата 2012 на „Кожуф“ е две години по ред РЕГИОНАЛЕН ПРВАК на Централен регион со ниту еден изгубен натпревар и со тоа се пласиравме за учество на завршниот турнир што се одржува во Скопје на кој настапуваат сите победници на региони од Македонија. Јуниорите од „Кожуф“ се во ТОП 10 екипи од цела Македонија. Ова е доказ дека сме на прав пат во нашата спортска работа со овие млади фудбалски аматери. Останува да продолжиме и понатаму со многу работа и дисциплина и во следните наши спортски предизвици“ – вели гордо тренерот Трајче Ников.

Тој потенцираше уште три клубски успеси на јуниорите 2011/2012:
– „Генерација 2011/12 годинава учествуваше на Меѓународни турнири во Грција организирани во местата Гуменица и Поликастро. И на двата меѓународни турнира гевгелиските јуниори освоија ПРВО место. Исто така оваа генерација јуниори учествуваше и на силен Меѓународен турнир во Скопје, на „Маџари Куп 2023“ и овде го освоивме 3-то место. Со овие победи осилени од успесите заминавме на турнирот „Далматико“ во Хрватска. Се’ се тоа успешни настапи на нашите јуниори, со кои што осоколени продолжуваме понатаму“ – вели Ников, горд што успеал детската игра да ја претвори во достоен репрезент на Македонија и нашата Гевгелија на меѓународни спортски настани.

Доделување Победнички пехар и Дипломи за освоено ПРВО место на Меѓународен трунир во Поликастро
Трајче Ников – тренер на јуниорите на ФК „Кожуф“ Гевгелија

Се на се ова се многу активности за децата од овие две генерации и тука нема да застанеме. Продолжуваме поснажно, посамоуверено на теренот и тоа е правилниот пат за правилен развој на фудбалот, изјави спортскиот фудбалски стручњак и тренер Трајче Ников.

GevgelijaNET им честита на јуниорите и секако за трудот на тренерот Ников да ги доведе децата до стадиум на успех и победи на фудбалските терени.

Им посакуваме многу среќа и остварување на нивните спортски амбиции!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Колку ќе чини уживањето на плажа летово во Грција

Next Post

(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

Next Post
(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ТРИ медали за Кикбокс Клуб „АЖДЕР“ Гевгелија на Балканско првенство во Црна Гора

ТРИ медали за Кикбокс Клуб „АЖДЕР“ Гевгелија на Балканско првенство во Црна Гора

1 година ago
Акција на МВР и ОЈО – Уапсени 10 лица, меѓу нив и службеници

Акција на МВР и ОЈО – Уапсени 10 лица, меѓу нив и службеници

6 месеци ago
МОК ја одржа манифестацијата „Асовите бираат асови“ во Гевгелија

МОК ја одржа манифестацијата „Асовите бираат асови“ во Гевгелија

4 месеци ago
Во Дојран ќе започне да работи Амбуланта во соработка со Здравен Дом Валандово

Во Дојран ќе започне да работи Амбуланта во соработка со Здравен Дом Валандово

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија
  • АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот
  • Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

Донација на компанијата „Конти Хидропласт“ за Болницата во Гевгелија

јули 1, 2025
АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

АПЕЛ за ПОМОШ: Млада 33 годишна мајка со три деца се соочува со исселување од станот

јули 1, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist