Средби со граѓаните на Миравци вчера попладне оствари Вицепремиерката на Владата на РСМ Славица Грковска која беше придружувана од директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.
Со цел да се слушнат пораките од граѓаните, но и тие да ги слушнат ангажманите и достигнувањата на Владата наменети за добробит на граѓаните, средбата беше реализирана на јавен простор, на теренот од фудбалското игралиште на старото школо во Миравци, каде секој беше добредојден.
Вицепремиерката Грковска се осврна на политиките на Владата во костец со надворешните констелации кои влијаеја на економските текови во државата, пред се’ воено наметнатите енергетска криза, домино ефектот со пораст на цените на електричната енергија и горивата. Владата овозможи непречена снабденост на граѓаните со електрична енергија, успешно се справи и со бранот на поскапувања со задржувањето на нивото на цените на основните прехрамбени производи кои влијаат на животниот стандард.
Во такви турбулентни времиња Владата на СДСМ успеа да ја покачи минималната плата на вработените до над 20.500 денари, да ги покачи пензиите, да го одржува социјалното ниво на згриженост на секое домаќинство.
Како Вицепремиер задолжен за прашањата за сузбивање на корупцијата во земјата Гркова ја потенцираше потребата од одржување на Европскиот пат на нашата земја за да завладеат европските принципи и во оваа свера.
– „Превземени се мерки за подобрување на управувањето со јавните финансиии и фискалната транспарентност, со цел намалување на можностите за коруптивно однесување во јавниот сектор“ – истакна таа пред миравчани.
Членството во ЕУ е стратешка цел на државата, врвен приоритет на генерации македонски граѓани и оттаму, обврска на сите политички субјекти е да се реализира таа нациоанлна и стратешка цел.
– „Враќањето во изолација e најнепосакуваното сценарио за нашата татковина и затоа сите политички лидери треба да ја сфатат важноста на моментот и да го преземат својот дел од одговорноста на патот кон ЕУ“ – истакна Грковска.
На средбата со граѓаните на Миравци директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски ги спомена заложбите на Агенцијата кои се видливи и во Миравци, конкретно новоизграденото игралиште, дотациите за спортски развој, ваучерите за спортските клубски активности. Тој најави дека местото каде што се одржа средбата со миравчани ќе добие нов лик, ново реконструирано игралиште. Спортскиот живот во Миравци е видлив и заслужува внимание и за во иднина, посочи тој.
На средбата „Рамо до рамо со граѓаните“ во Миравци пред присутните се обрати и претседателот на ОО на СДСМ Гевгелија Миле Атанасов, заедно со пратеничката од овој крај Марија Костадинова.
На крајот од средбата жителите на Миравци имаа можност за непосредни контакти и разговори со Вицепремиерката Грковска и тимот што ја придружуваше. .