Дојран денеска празнуваше со спортот и триатлонците од цела Македонија. Овде викендов, 10 и 11 јуни се одржува Државното првенство во Триатлон (пливање, велосипедизам и брзинска трка) на која учество ќе земат деца од 5 до 10 години, јуниори, сениори, мастерс и кадети. Денеска се одржаа трките за деца.
Меѓу .30-те учесници беа доделени медали за првите тројца пласирани во двете возрасни категории, деца од 9 години и помалку, деца до 10 години. Медалите ги додели домаќинот на спортскиот триатлон, градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов
Први на терените истрчаа децата од генерација 2011/2013 и меѓу нив најдобар резултат постигнаа Бистра Груевска од девојчињата сорезултат 21:37 минути и Даријан Калеников со постигнато време 19:58 минути. Трката предвидуваше пливање, возење велосипед и трчање.
Во трката за деца од генерација 2014 година и помали , најдобар резултат постигна Илина Станојевска со време од 12:15 минути, а од машките најбрз беше Јован Кутановски со време од 10:52 минути.
Тоа беа првите детски трки на кои настапија 30 деца во триатлон категориите.
Домаќин на Националното првенство во триатлон е општина Дојран и тоа по осми пат. Од општината изразија задоволство од денешниот успешен спортски ден во кои ѕвезди беа малите триатлонци.
– „Огромен аплауз до сите учесници кои ги освоија предизвикувачките делови за пливање, велосипедизам и трчање од триатлонот. Вашата посветеност, упорност и непоколеблив дух се навистина инспиративни“ – изваји градоначалникот на опш. Дојран Анго Ангов.
Во недела на подолги траси од 750 m пливање, 20 километри возење велосипед и 5 километри трчање ќе се натпреваруваат спортистите триатлонци, сениори, јуниори, мастерс, а на траса од 375м пливање/ 10км велосипед / 2,5км трчање ќе настапат кадетите.
Организатор на националното првенство се Триатлон Федерацијата на Македонија и Општина Дојран, технички организатор –Триатлон федерација на С.Македонија, а помагатели се: Општина Дојран, Агенција за Млади и спорт и Македонски Олимписки комитет на РСМ.