Браќата Тодор и Димитар Узунчеви од Гевгелија, поранешни ракометари на РК „Партизан“ Гевгелија, а сега во АД РК „Мулти Есенс“ од Скопје заедно со 4-ца ракометари од РК „Младост“ од Богданци се на листата на селекторот Раде Стојановиќ за избор на кадетската репрезентација на Македонија.
Од РК „Младост 1977“ во потесниот избор освен стандардниот Антонио Николоски, на листата се наоѓаат и пикерот Чрчев Илија, голманот Панов Благој, и центарот Каркалашев Душан !
Објавениот поширок список на кадетската репрезентација во Август годинава ќе настапи на светското ракометно првенство во Хрватска, што се одржува од од 2 до 13 август.
На списокот се наоѓаат и тројца интернационалци – голманот Давид Брестовац од германскиот Котбус, левиот бек Борјан Дамјаноски од австрискиот Грац, како и средниот бек Мирче Калајџиески од словенечкиот Слован.
Македонија е во група со Норвешка, Црна Гора и Грузија, што ни дава за право да се надеваме за пласман во главната рунда, каде вкрстуваме со групата на Данска, Австрија, Чиле и Мексико.
Скратениот список и планот на подготовките пред настапот во Ријека ќе биде објавен во следниот период, а ова подолу е поширокиот список на селекторот Раде Стојановиќ.