недела, 13, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home СПОРТ

Нина Попова – прва репрезентативка од Гевгелија за ракометна Македонија

Гевгеличанката Нина Попова на свои 18 години, во 2022 година, стана репрезентативка на Македонија во ракомет, a деновиве е на подготовки за ЕП 2023 во Романија

јуни 13, 2023
in СПОРТ
Нина Попова – прва репрезентативка од Гевгелија за ракометна Македонија
0
SHARES
1.7k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгеличанката Нина Попова на свои 18 години, во 2022 година, стана репрезентативка на Македонија во ракомет. Веќе една година има репрезентативен стаж со најдобрата младинска ракометна селекциј на Македонија.
Годинава Нина е матурантка и освен матурирањето успева да се најде на списокот на последната селекција на новата селекторка Јулијана Дамческа каде е повикана за член на женска младинска ракометна репрезентација W19, од 30 мај годинава.

Related posts

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

јули 12, 2025
Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

Димитар Узунчев од Гевгелија влезе во „ALL STAR тимот“ на ракометна Македонија

јуни 30, 2025

Со своите репрезентативки-колешки Нина е веќе на подготовки за настап на Европското ракометно првенство во Романија што ќе се одржи следниот месец од 6 до 16 јули 2023.

Нина игра ракомет од својата 13-та година уште како гимназијалка во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија со тренер Татјана Бојкова, кога станува член на ЖРК „Гевгелија“.

Екипата на ЖРК „Гевгелија“ кога и Нина настапувала за Гевгелискиот ракометрн тим

Нејзината игра на терен станува забележителна кај спортските стручњаци и од 2020 година преминува да игра во дресот на РК „Вардар“ од Скопје.
Желбата да спортува, напредува и победува ја носи во Скопје каде продолжува со своето образование во СОУ „Ѓорги Димитров“ во Скопје, (трета и четврта година средно), каде се сели пред се’ заради клубските обврски кон „Вардар“. Овде го завршува средното образование и матурира. Сега се подготвува за упис на студии.

Младинските шампионки РК „Вардар“ – тим во кој сега настапува гевгелиската ракометарка Нина Попова

Пет во едно. Тоа го може и го остварува гевгеличанката НИНА – во една година да матурира, да стане државен младински првак, потоа член на ракометната репрезентација на Македонија, да учествува на Европско ракометно првенство и да се запише на студии.
Пет во едно за брзата и незапирлива на терен, желна да победува и освојува трофеи, спортски и животни, гевгеличанката Нина Попова.

Нина како член на младинскиот тим на РК „Вардар“ настапува веќе три години. Минатиот месец, на 21 мај 2023 на Државното ракометно првенство U19 младински Final4 го подигна победничкиот трофеј. Младинките на РК „Вардар“ станаа ПРВАЦИ на Македонија откако ја освоија младинската титула во финалето на Ф4 турнирот со победа над Ѓорче Петров со 32-29 (14-16).

Нина со победничкиот пехар од младинското Државно првенство 2023

Нина е родена 2004 година, има 184 см висина, активно игра ракомет веќе шест години, препознаена на теренот како извонреден пикер  и моментално е најперспективната млада ракометарка од Македонија. Тукушто зачекори во полнолетството, а веќе следниот месец ќе ја гледаме на ТВ преноси од Европско со дресот на Македонија. Ќе навиваме за НИНА и секако за Македонија.

Среќно Нина, Гевгелија се гордее со тебе!

ShareTweetShareSend
Previous Post

Премиерот Ковачевски во посета на Општина Богданци

Next Post

Три Кривични пријави за 21 годишна Богданчанка

Next Post
Приведени криумчари на мигранти, двајца од Богданци и еден од Скопје

Три Кривични пријави за 21 годишна Богданчанка

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Нова песна на Каролина Гочева „Дај на сунце“

ВИДЕО: Нова песна на Каролина Гочева „Дај на сунце“

2 години ago
Одбележување на Св.Пантелејмон, заштитникот на село Ума, исцелител и маченик

Одбележување на Св.Пантелејмон, заштитникот на село Ума, исцелител и маченик

2 години ago
(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

(ВИДЕО) Силно невреме во Делчево, улиците се под вода!

2 години ago
СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА!

СРЕЌЕН ПОЧЕТОК НА УЧЕБНАТА ГОДИНА!

10 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ
  • Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија
  • Петти ден гори во Дојран, над с.Николиќ

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

ВИДЕО: Чудото на Света Петка во с.Николиќ

јули 12, 2025
Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

Второ место во двојки за Александар Грујиќ во Софија

јули 12, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist