петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Премиерот Ковачевски во посета на Општина Богданци

Стартот на реконструкцијата на водоводната мрежа во Богданци, проект вреден 4.000.000 евра , беше повод за посета на Премиерот Димитар Ковачевски, на општина Богданци каде непосредно изврши увид на почетокот на изведбените работи

јуни 13, 2023
in ФОКУС
Премиерот Ковачевски во посета на Општина Богданци
0
SHARES
324
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Во Богданци вчера започнува реконструкцијата на старата водоводна мрежа, каде дотраените азбестни цевки од 50 и повеќе години ќе бидат заменетие со нови, најмодерни, со што ќе се обезбеди чиста вода за пиење за жителите од овој регион.

Стартот со реализација на Овој капитален проект беше повод за посета на Премиерот Димитар Ковачевски, на општина Богданци каде непосредно изврши увид на почетокот на проектот за реконструкција на водоводна мрежа во Богданци. При посетата тој беше придружуван од министерката за животна средина Каја Шукова., како и домаќините градоначалникот Блажо Шапов, пратеничката од овој крај и претставници од локалната самоуправа.

Related posts

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

– „Започнува реконструкцијата на системот за водоснабдување во Општина Богданци. Со инвестиција од 4 милиони евра, целосно ќе се обнови и надгради водоводната мрежа. Овој проект има огромно значење за општината, бидејќи овозможува безбеден пристап до чиста вода за пиење и ги минимизира финансиските загуби.
Заедно, создаваме подобри услови за живот во сите општини низ целата држава бидејќи грижата за граѓаните ни’ е на прво место!“ – изјави премиерот Ковачевски во Богданци.

Тој истакна дека ова е исклучително важен проект за оваа општина со што ќе се обезбедат здрава вода за пиење, намалување на финансиските загуби и воведување на високи стандарди за управување со водите во Богданци. Ова е еден од најголемите инфраструктурни проекти за водоснабдување што е целосно финансиран со домашни, буџетски средства, а во неговата имплементација вклучуваме модерни технологии.

Дополнителна вредност на проектот е што парите повторно ќе се вратат назад бидејќи ќе работат домашни компании, со тоа што и материјалите кои се вградени се од компании, едни од најреномираните европски производители на цевки тука од овој крај, како и градежни компании кои работат на проектот.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова изјави дека изградбата на оваа инфраструктура во Богданци носи повеќекратни бенефити.

  • „Со проекти како што е овој во Богданци, градиме инфраструктура која е директно поврзана со обезбедување на квалитетен живот за граѓаните. Бенефитите се повеќекратни: модерен систем за водоснабдување, чиста вода за над 5.000 жители за овој регион, замена на старите азбестни цевки, спречување на загуба на вода во системот, што значи заштеда на финансии и за домаќинствата и за општината, и најпосле и вклучување на домашни компании со што се развива домашната економија и се отвораат нови работни места“, истакна министерката Шукова.

Градоначалникот на Oпштина Богданци, Блаже Шапов го окарактеризира овој проект како капитален и корисен за жителите на Богданци.

„Здравствените ризици, недостигот од вода во одредени зони во градот, честите дефекти и загуби на вода, непостоење на подземен катастар се причините заради кои се одлучивме на реконструкција на дистрибутивната мрежа за водоснабдување во Богданци. Ваквите капитални проекти освен што ги задоволуваат потребите на граѓаните создаваат услови за раст на локалната економија“, изјави Градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов на вчерашното означување на почетокот на реконструкцијата на водоводната мрежа во Богданци.

Изведбата на овој проект чини над 4 милиони евра, со рок на изведба 40 месеци. Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди квалитетна и чиста вода за пиење за 5.000 домаќинствата во Богданци и околината.

Реконструкцијата на водоводната мрежа е обемна активност која има за резултат раскопани улици, оневозможен пристап до домовите и објектите, исклучување на вода – насекаде во Богданци, па од овие причини, Градоначалникот на овој настан упати голема БЛАГОДАРНОСТ заради искажаното огромно трпение и толеранција од страна на граѓаните.

ShareTweetShareSend
Previous Post

Шест ракометари од југот на листата за Кадетска ракометна репрезентација на Македонија

Next Post

Нина Попова – прва репрезентативка од Гевгелија за ракометна Македонија

Next Post
Нина Попова – прва репрезентативка од Гевгелија за ракометна Македонија

Нина Попова - прва репрезентативка од Гевгелија за ракометна Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ПОСЕТА И ДОНАЦИЈА на ЗАЕДНИЦАТА НА ИНВАЛИДСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ГЕВГЕЛИЈА И РЕГИОНОТ

ПОСЕТА И ДОНАЦИЈА на ЗАЕДНИЦАТА НА ИНВАЛИДСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ОД ГЕВГЕЛИЈА И РЕГИОНОТ

3 години ago
„ЕЛКАТА НА ЖЕЛБИТЕ“  И ГОДИНАВА УКРАСЕНА ОД ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА

„ЕЛКАТА НА ЖЕЛБИТЕ“ И ГОДИНАВА УКРАСЕНА ОД ВОЛОНТЕРИТЕ НА ЦРВЕН КРСТ ГЕВГЕЛИЈА

3 години ago
ВИДЕО: Зголемен водостој на реките низ Гевгелија

ВИДЕО: Зголемен водостој на реките низ Гевгелија

2 години ago
Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

Трагична сообраќајка – Сообраќајот на патот Гевгелија-Неготино во прекин

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите
  • Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот
  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

Дошница сардисана од багери – еко-активистите повикуваат да им се придружат граѓаните на блокадите

јули 4, 2025
Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

Активирана фаза 3 – катастрофални максимални температури на воздухот

јули 4, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist