СВР Струмица во текот на вчерашниот ден поднесе шест кривични пријави од кои три се против 21 годишна жителка на Богданци со иницијали А.Ј.(21).
Таа се терети за „злоупотреба на лични податоци“ за што СВР Струмица има основи за постоење на сомнение за сторено вакво кривично дело.
Лицето А.Ј. (21) од Богданци се споменува во три извештаи за кривична постапка сторени на подрачјето на Струмица и две на подрачјето во Скопје, каде А.Ј. во салони за мобилни оператори склучила три различни анекс договори за да купи нов мобилен телефонски апарат, а ги користела личните податоци на лицето А.С. од Богданци, без согласност од оштетеното лице.
Пријавената А.Ј. склучила три такви договори и набавила три нови телефонски апарати и тоа првиот во салон во Струмица на ден 26.10.2022 година. Вториот и третиот се набавени од два различни салони на мобилни оператори во Скопје и тоа во деновите 12.08.2022 и 30.08.2022 година.
Во трите Кривични пријави СВР Струмица како првопријавени ги има
– С.М.(54) од Струмица,
– Д.Т.П. (28) од Скопје и,
– А.Д. (29) од Скопје, сите три поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“
Сите три првопријавени лица се – продажни агенти во салон на мобилен оператор во Струмица и Скопје, а СВР Струмица ги терети поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Тие, во својство на продажен агент во продажен салон на мобилен оператор во Струмица и Скопје при вршењето на службените задачи, неводејќи сметка за личните податоци и овозможиле на второпријавената А.Ј. (21) од Богданци, без согласност од А.С. од Богданци, да склучи анекс на нејзиниот договор и на тој начин да купи нов мобилен телефонски апарат.
Трите Кривични пријави за жителката на Богданци и по една за трите продажни агенти од Струмица и Скопје се доставена до Основното Јавно обвинителство.