Поради големите врнежи не престанува борбата со излеаните реки и потоци и проблемите што ги носат пороите во Србија.
Во 35 градови и општини е прогласена вонредна состојба. Водата го однела мостот во градот Адрани кај Краљево, сообраќајот кон Чачак е во прекин. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија.
Така надојдениот поток Мусача во Адране однесе дел од мостот на Ибарската магистрала, па сообраќајот е во целосен прекин на делницата од Краљево до Прељина.
Ibarska magistrala, Adrani kod Kraljeva. pic.twitter.com/NcKBgPg14K
— Božidar Milinković (@psittarch) June 16, 2023
Силниот дожд кој од синоќа врне во различни делови на Србија предизвика излевање на неколку реки и поради тоа е прогласена вонредна состојба во 35 градови и општини.
Се урна мост кај Краљево, дел од Клиничкиот центар во Крагуевац е поплавен, а улиците на Владичин Хан беа покриени со урнатини и кал, додека водата однесе и неколку автомобили.
Апокалипса..
Александровац Жупски. pic.twitter.com/qxYeRQ9uYB— Биљана.М🇷🇸❤️🔥 (@srpkinjabreee) June 15, 2023
Драматични сцени пристигнуваат речиси од сите градови на округот Расин, каде од синоќа се води борба против новите врнежи и поројни дождови.
Потопени се населените места кон Доња Жупа, од Велика и Мала Врбница кон Александровац.
Snimci sa viber grupe stop034#kragujevac #kisa #15jun pic.twitter.com/AoqHRPPZcK
— Marjan Stojanović (@marjan_kg) June 15, 2023
Поради големите врнежи утрово непроодни се патните правци Рековац-Трстеник и Мрчајевци-Краљево кај градот Адрани, соопштија од Јавното претпријатие „Патишта Србија“. Како што е наведено, до Краљево се стигнува преку обиколницата на општинскиот пат преку селата Милоча и Сирча.
Патиштата кои беа непроодни сега се повторно во функција, но бараат поголема внимателност и побавно возење додаваат од „Патишта на Србија“.