Новиот вкус на пилешкото ќе ја задоволи секоја гурманска душа, а се подготвува за половина час. Пробајте.
Потребни состојки:
– 500 грама пилешки гради
– една (1) главица кромид
– 1 лажичка сол
– 1/2 лажичка црн пипер
– 1 лажичка орига
– 1/2 лажичка црвен пипер
– магдонос
Се сецка месото на коцки и кромидот на мали парчиња коцки. Се додаваат зачините, сол, црн пипер, црвен пипер, оригано и магданос и сето се промешува заедно да се спојат состојките и впијат зачините.
За прелив на есото потребни се овие состојки:
– 3 јајца
– 3 лажици (за супа) павлака,
– 100 грама рендан кашкавал
– прсохват сол
Се матат јајцата заедно со сите состојки: павлака, сол и кашкавал.
Се подмачкува помал сад за печење со масло за јадење. Се става во садот месото со зачините и кромидот, се распоредува по целата површина на садот. Одозгора се полева преливот. Се украсува со исечени тркалца домат.
Се пече во рерна на 150 степени 30 минути.
Наздравје ручек. Салатата ја одбирате Вие!