понеделник, 19, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

Интервју со Драгица Митрова – прва кадетска и сениорска репрезентативка од Гевгелија

Гевгелија ја памети својата миленичка која успеа со спортот да стане член најпрво на кадетската, а потоа и на сенирската репрезентација на Македонија во ракомет, Драгица Митрова

јуни 18, 2023
in ИНТЕРВЈУ, СПОРТ, ФОКУС
Интервју со Драгица Митрова – прва кадетска и сениорска репрезентативка од Гевгелија
0
SHARES
2.8k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелија ја памети својата миленичка која успеа со спортот да стане член најпрво на кадетската, а потоа и на сенирската репрезентација на Македонија во ракомет, Драгица Митрова.

Драгица е наша сограѓанка, жителка на Гевгелија и долгогодишен спортист, која со своите бравурии на теренот остави многу впечатоци и исполнета гевгелиска спортска публика што со задоволство се сеќава на неа. Читателите на GevgelijaNet не’ потсетија на неа, а редакцијата на нашиот портал ја побара за разговор и интервју за медиумски контакт со своите фанови.

Related posts

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

мај 19, 2025
Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

мај 18, 2025
Драгица Митрова – спортистка, хуманитарка, со поддршка за болните од ПХ

GevgelijaNET: Драгица, вие сте оставиле многу впечатоци во спортот кај Гевгеличани. Тие се сеќаваат дека сте најуспешниот женски спортист од Гевгелија. На што се должи тоа?

– „Со ракомет започнав на 12 годишна возраст. Прв тренер ми беше професорот Илија Аризанов. Потоа имав и други тренери кои се задржаа кратко, но најголем дел поминавме со Горан Георгиев. Бевме извонредна генерација која после 2 минати сезони во Прва ракометна лига за жени, успеавме да се пласираме во Супер лига преку играње бараж против екипата на „Олимпик Аеродром“- изјави Драгица.

Таа се сеќава дека селектрот на ракометната репрезентација на Македонија ја одбра за член на кадетската репрезентација заедно со клубската другарка Ирена Дучкова, и двете тогаш членки на ЖРК „Гевгелија“ од Гевгелија. Екипата тогаш важеше за најмлад женски ракометен состав со генерациски сите родени во 1987/88 година. Во есенскиот дел од Првата МРЛ ЖРК „Гевгелија“ оствари забележителен резултат и „стасаа“ поканите за две гевгелиски ракометарки за кадетски репрезентативки.

– „Заедно со Ирена Дучкова се најдовме на списокот на кадетска репрезентација на Македонија, и учествувавме на Европско првенство кое се одржуваше во Македонија поточно ние игравме во Битола“ – се сеќава Драгица.

Печатените медиуми со пофални зборови за кадетските репрезентативки од Гевгелија – Драгица и Ирена

Тренерот Георгиевски сметаше дека овој ракометен состав аслужува да се најде со повеќе имиња во кадетската репрезентција на Македонија. Соиграчки на нашата соговорничка Драгица во тој период 2001/02 се и Адријана Андреева, Мара Ичева, сестрите близначки Ели и Катерина Ушинови, Александра Николиќ. Сите тие според зборовите на тренерот Георгиевски заслужувале да бидат на списокот на селекторот за ракометни кадетски репрезентативки на Македонија.

ЖРК „Гевгелија“ Гевгелија
Екипата на Гевгелија победнички слави со македонското знаме

– „Следен мој настап за репрезентација беше во 2002/03 Mладинско европско првенство во ракомет, кое исто така се одржа во Македонија“- ги ниже ракометните настапи за Македонската репрезентација гевгеличанката Драгица Митрова.

GevgelijaNET: Златната генерација на ЖРК „Гевгелија“ продолжи со подемот во Првата ракометна лига за жени, а Драгица продолжи со ракометот во сениорската репрезентација на Македонија за жени. Кога се случи тој репрезентативен скок на повисоко ниво? Секако, освен годините на зрелоста, пресудна била и твојата игра на теренот?

– „За сениорска репрезентација имам одиграно многу квалификациски натпревари ,а во 2012 за првпат во мојата кариера се пласиравме на европско првенство кое се одржуваше во Србија. Резултатот не беше задоволителен, имавме многу тешка група“, вели скромно Драгица која сепак ги носи искуствата со себе од секој ракометен настап, дуел, спортска соработка на теренот.

GevgelijaNET: До кога уживаа гевгеличани со твојата спортска игра на терените во дресот на ЖРК „Гевгелија“ што остана за нив така незаборавна? Секако незаборавноста беше што продолжи да редиш успеси и со дресот на други ракометни екипи, а тие се годееја дека Гевгелија има таква успешна спортистка?

– „За Гевгелија настапував до мојата 18 годишна возраст. Потоа следуваше мојот прв професионален договор со екипата на „Амбалажа Кабран“ од Кавадарци каде што играв една сезона.
Следна дестинација ми беше „Металург“ Скопје. Таму поминав 7-8 сезони. Можам да кажам успешни сезони со многу освоени титули. После одредено време „Металург“ имаше финансиски проблеми и моравме да заминеме“- одговара Драгица за својата клубска разноликост.

Драгица со освоениот трофеј

GevgelijaNET: Од клубска ракометарка стануваш клубски тренер и тоа во Гевгелија, а потоа и на меѓународни тимови. Како се случи тоа?

– „По заминувањето од „Металург“ Скопје, јас се вратив во Гевгелија каде заедно со Татјана Бојкова решивме да направиме екипа и да почнеме од нула. За сето ова морам да напоменам е „виновен” Герасим Сарамандов кој е нај заслужен за женскиот ракомет во Гевгелија воопшто. Со нив бев околу 6 сезони, а потоа одлучив да заминам надвор од државата.
Моментално живеам на Малта, играм и сум тренер на млади категории. Овде во Малта можам да кажам дека имавме доста успешна сезона со многу трофеи“ – вели Драгица Митева од Гевгелија која повеќе од две децении „плива“ во ракометните води од Гевгелија, низ Кавадарци, Скопје до Малта.

Новиот освоен трофеј во рацете на Драгица

GevgelijaNET: Имате ли порака до гевгеличани кои уште Ве паметат, посебно до младите спортисти. Што ќе им порачате на младите девојки кои се занимаваат со спорт. Како до успех?

– „На младите сакам да им порачам да спортуваат да не се откажуваат на првата потешкотија, со многу работа залагање ќе се дојде до посакуваниот успех“.

Со своите клубски колешки Драгица на прием кај Претседателот на РМ во вила Водно

Драгица имаше и посебна порака до најновата рекометна репрезентативка од Гевгелија, Нина Попова:

– „На Нина сакам да и’ посакам успешна ракометна кариера, и многу многу настапи за репрезентација , верувам дека еден ден заедно ќе се радуваме на некое големо првенство“.

Среќно и понатаму со ракометот и во животот и’ посакуваме на нашата срдечна соговорничка Драгица Митрова, од GevgelijaNET.  И’ наздравуваме на успехот!

П.С.
Посветено на гевгелиската ракометна публика која не ја заборави првата репрезнтативка од Гевгелија
Да ти се множат насмевките и пехарите, Драгица!

Насмевка на лице со заслужено освоениот Победнички пехар
ShareTweetShareSend
Previous Post

Четири медали за „Мобилност“ Гевгелија на годинашниве 35ти Републички спортски игри

Next Post

Десет пријави за физичко насилство за 24 часа во државата

Next Post
Десет пријави за физичко насилство за 24 часа во државата

Десет пријави за физичко насилство за 24 часа во државата

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Јубилејна изложба “80 години од победата над фашизмот”

ВИДЕО: Јубилејна изложба “80 години од победата над фашизмот”

4 дена ago
ГЕВГЕЛИЈА ПРЕТПРАЗНИЧНО

ГЕВГЕЛИЈА ПРЕТПРАЗНИЧНО

6 месеци ago
Три ПРВИ места за Гевгелија: Матеа, Мелани и Студио „Мистик денс“ на ИТФ во Скопје

Три ПРВИ места за Гевгелија: Матеа, Мелани и Студио „Мистик денс“ на ИТФ во Скопје

3 недели ago
Богојавление во Дојран, Богданци и Валандово 2025

Богојавление во Дојран, Богданци и Валандово 2025

4 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители
  • Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец
  • Aна, Томче и Божидар од Гевгелија победници на трката „Децата под Исарот“

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

Бесплатна Обука за згрижувачки семејства за деца без родители

мај 19, 2025
Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

мај 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist