понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ОЈО Гевгелија: Жител на Гевгелија осомничен за серија измами и лажно претставување

Гевгеличанец со измамнички шеми влечел пари од жени претставувајќи се како обвинител, инспектор, осигурителен агент ...

јуни 19, 2023
in ФОКУС
ОЈО Гевгелија: Жител на Гевгелија осомничен за серија измами и лажно претставување
0
SHARES
3.6k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Осомничениот се претставувал лажно и со разработени шеми извлекувал пари од жртвите. На пример, претставувајќи се како обвинител, велел може да помогне да се забошоти случај за синот на една од жртвите. Се претставувал и како инспектор во УЈП велејќи дека може да затвори случај на даночно затајување, а како вработен во „Осигурување Скопје“ на друга жена ѝ тврдел дека може да ѝ помогне да добие пари од животно осигурување кое наводно го плаќал нејзиниот сопруг

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама од член 247 став 1 во врска со член 45 и кривично дело – Лажно претставување од член 391 став 1 од Кривичниот законик.

Related posts

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

август 16, 2025
Почина Слободан Џониќ (1963-2025)

Почина Слободан Џониќ (1963-2025)

август 15, 2025

Жител на Гевгелија е осомничен во најновата истрага што ја отвори тамошното Основно јавно обвинителство бидејќи преку разни шеми на измама успеал да извлече 115 362 денари од повеќе жени од Кавадарци, Струмица и Гевгелија.

Тој е осомничен за кривичното дело измама и лажно претставување, а според доказите на Обвинителството, претставувајќи се како обвинител, вработен во Управата за јавни приходи (УЈП), Агенцијата за разузнавање и други места оперирал во периодот од јули лани до средината на јуни годинава.

Една од неговите први жртви била жена од Кавадарци на која ѝ се јавил на 17.07.2022 година и ѝ се претставил како обвинител од Скопје. Рекол дека може да ѝ помогне за нејзиниот син за кој се води постапка за тешка кражба доколку му плати 300 евра. Жената по такси му испратила 9 000 денари и 50 евра, а потоа измамникот побарал уште 15 790 денари, но таа одбила да му плати.

На други две жени од Кавадарци, пак, им се претставувал како раководител во УЈП, но измамата не му успеала.

  • „На 16.07.2022 и на 18.07.2022 година, осомничениот во два наврати се јавувал кај две различни жени од Кавадарци, им се претставил како службено лице – раководител на УЈП и им кажувал дека за нив има решение за наплата на долг на име неплатен данок. На жртвите им рекол дека може да се договорат доколку му платат определен износ, но тие провериле во УЈП во Кавадарци од каде им кажале дека немаат таков долг“, велат од ОЈО Гевгелија.

Потоа, на 06.05.2023 година на уште една нивна сограѓанка, пак, ѝ се претставил како раководител во Агенцијата за вработување и ѝ кажал дека нејзиниот сопруг има право како вработен во фирма што отишла во стечај, по завршување на стечајната постапка, да земе 967 000 денари. Меѓутоа, за да се подготви документацијата тој побарал кавадарчанката веднаш да му плати 7 200 денари кои таа му ги испратила во плик по автобус до Гевгелија. Потоа, повторно побарал уште 5 900 денари, но таа одбила да му плати.

  • „Потоа, на 20.05.2023 година осомничениот отишол на градските гробишта во Гевгелија каде сретнал една оштетена, на која и се претставил дека е службено лице – одговорен на АД Осигурување Скопје и и кажал дека нејзиниот сопруг плаќал животно осигурување во 2011 година и дека треба да и бидат исплатени 43.000 евра, но дека треба да плати 600 евра за да се изготви документацијата. Побарал парите да ги однесе во плик во слаткарница во Гевгелија од каде ги подигнал“ – стои во известувањето од ОЈО Гевгелија..

Осомничениот оперирал и во Струмица. Во периодот од 13.06.2023 до 16.06.2023 година осомничениот се јавувал кај оштетена од Струмица, и се претставувал како службено лице – главен инспектор на Управата за јавни приходи во Струмица.

На една струмичанка ѝ се претставил како инспектор во УЈП и ѝ кажал дека за последните 4 години и 9 месеци имала затаен данок за плаќање во висина од 347 000 денари. За да го затвори затајувањето, таа му платила 1 150 евра.

  • „За да може да биде затворено наводното затајување, од неа побарал да плати 150 евра, како 400 евра од книговодителот на оштетената за да не ја загуби лиценцата што не го пријавила данокот. Оштетената му платила по што на 16.06.2023 година повторно и се јавил и побарал уште 600 евра кои оштетената ги платила, со што ја навел да му исплати вкупна сума од 1.150 евра во денарска противвредност“, објаснуваат од ОЈО Гевгелија.

Надлежниот јавен обвинител од Гевгелија до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

 

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ФК „Џокер“ Фурка – Шампион на меѓународен куп во Белград

Next Post

Највисока оценка „СОНЦЕ“ за проектите на ЦК-Гевгелија додели ЦК Македонија

Next Post
Највисока оценка „СОНЦЕ“ за проектите на ЦК-Гевгелија додели ЦК Македонија

Највисока оценка „СОНЦЕ“ за проектите на ЦК-Гевгелија додели ЦК Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Македонски репрезентативец е МВП на кошаркарската Лига на шампиони!

Македонски репрезентативец е МВП на кошаркарската Лига на шампиони!

2 години ago
Дедо Мраз и Супер хероите дојдоа во Детска клиника

Дедо Мраз и Супер хероите дојдоа во Детска клиника

3 години ago
„Преку езерото“ – Сеќавање на Бранко, пливачот по кој се трагаше во разбрануваниот Дојран

„Преку езерото“ – Сеќавање на Бранко, пливачот по кој се трагаше во разбрануваниот Дојран

11 месеци ago
Тројца атлетичари од Гевгелија ќе трчаат Ултра-Маратон за Тоше

Тројца атлетичари од Гевгелија ќе трчаат Ултра-Маратон за Тоше

10 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија
  • Запознајте го Јован – најмалиот шахист на АУРОРА 2025

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025
Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist