КУД „Негорци“ од Негорци викендов учествуваше на меѓународниот фолклорен фестивал „SUNNY OLIMPIA“ што се одржа во Кранево, Бугарија.
На фестивалот настапија културно-уметнички друштва од Европа, а „КУД „Негорци“ достојно ја претстави Македонија, со разиграните играорци, со развиореното знаме и бројните аплаузи.
Изведени беа ора и песни од македонскиот традиционален фолклор, како познатата сценска поставка на песната „Билјана платно белеше“ .
Уште една традиционална изведба на младиот разигран состав од Негорци, народните обичајни церемонии за „истерување на чумата“, со чукање на две прачки и разиграните младинци.
Учеството беше успешно на претставниците од Негорци, Македонија добија од организаторите Диплома за уметничкото остварување, Признание за учество и Пехар за квалитет.
Освен КУД „Негорци“ на фестивалот ушествуваше и КУД „Бранд Петрушев“ од с.Стојаково.
Еве го моментот на доделувањето на наградите, каде добитнице се КУД-ва од Македонија ( 7:18 мин и 9:09 минути). За да погледнете стиснете на Watch on Facebook.