Денеска во 16:57 h настапува летото во расцветана Гевгелија, како и на целата Северна хемисвера.
Првиот ден од летото, 21 јуни е најдолгиот ден во годината и ќе трае 909 минути, односно 15 часа и 9 минути. Сонцето во Гевгелија изгреа во 04:57 часот, а ќе зајде во 20:06 часот. Својата летна блескотина денеска ја покажа со 34°C и најверојатно уште само “се загрева” пред престојната летна жега.
Денес е летната долгоденица, која го претставува најдолгиот ден во годината и го означува почетокот на летото. Летото почнува денес, а ќе трае до 23 септември. Во исто време на Јужната хемисфера почнува зимата.
Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.
Почетокот на летото не се случува секогаш во ист ден. Летото може да започне помеѓу 20 и 22 јуни, во зависност од тоа кога Сонцето ќе ја достигне највисоката точка. Првиот ден од летото е често ден со најмногу сончева светлина бидејќи сончевите зраци ја погодуваат земјата под директен агол.
Искористете го денот за убаво, за арно!