Екипи на „Македонија пат“ заедно со тешка работна механизација од вчера работат на поставување асфалт на регионалната патна делница Р 1108 која ги поврзува населените места во гевгелиско, Ново Конско и Серменин.
Првите три рааботни денови ќе се асфалтира патна делница до „Катеринина чешма“ што е должинска траса од 1.500 метри.
Инвеститор на проектот е ЈП за државни патишта на Македонија.
Целата патна делница Р 1108 е долга 20 километри. Преку програмата за рехабилитација на регионалните патишта во руралните средини, Јавното претпријатие за државни патишта на РС Македонија одвои од својот буџет 16.000.000 денари инвестиција за асфалтирање на овој пат, кој е на подрачјето на општина Гевгелија.