петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Гевгелиската матурантката Златка Петрова – првенец на генерација 2019/2023

На предлог на Комисијата за одредување Првенец на генерацијата, а со одлука на Наставничкиот Совет при СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија Златка Петрова е избрана за ПРВЕНЕЦ на генерацијата 2019/2023

јуни 22, 2023
in ФОКУС
Гевгелиската матурантката Златка Петрова – првенец на генерација 2019/2023
0
SHARES
2.5k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Со завршувањето на учебната година и салдирањето на успехот на учениците образовните институции имаат една горда задача – да го определат првенецот на генерацијата која го завршува своето образование со крајот на учебната година.

Според Правилникот за избор и прогласување на ученик на генерацијата во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија, Комисијата достави предлог, кој беше усвоен на Наставнички совет, така што ученичката Златка Петрова е избрана за првенец на генерацијата 2019-2023 год.

Related posts

Градоносни облаци се истурија во Дојран

Градоносни облаци се истурија во Дојран

мај 7, 2025
Во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

Во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

мај 6, 2025

Класен раководител во текот на четиригодишното средно образование и беше професорката по биологија Лилјана Андонова.

Во текот на средното образование Златка Петрова имаше одличен континуиран успех, примерно поведение, активности во училиштето и локалната средина, учество на натпревари, конкурси и манифестации, и други вонучилишни и хуманитарни активности, освоени награди, признанија и пофалници.

Диплома за Првенец на генерацијата и’ додели директорката од името на СОУ „Ј.Јосифовски“-Гевгелија

Освен континуираното учество на натпреварите по хемија, математика, географија, физика и биологија (од кои би издвоиле прва награда по географија на регионален натпревар, како и две втори места по хемија регионален натпревар), ученичката има голем успех на државно и меѓународно ниво од областа на поезијата и прозата, под менторство на професорката Бисерка Макревска.

Златка минатиот месец беше горда матурантка како и целата нејзина генерација соученици. Учеше за себе, а признанијата еве доаѓаат заслужено

Од повеќето СОУ „Ј.Јосифовски“ ги издвојува следниве награди:

– ТРЕТА награда за најдобра поетска творба на Меѓународната поетска манифестација за деца и млади „Пролет на сребрените соништа“ 2020 год.

– ВТОРА награда за најдобра поетска творба „Кула во сонот“, на Државниот годишен конкурс на друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ -Струмица 2021год.

– Наградена поетска творба на Меѓународната манифестација „Охридски поетски бисер“ 2021год.

– Награда за поетска творба на тема „Учителот“ при Педагошки факултет -Битола 2022год.

Исто така, ученичката Златка Петрова оствари активното учество на:
– Меѓународниот книжевен конкурс „Рукописи 44“ 2021 год.,
– учество на Меѓународна манифестација „Пролет на сребрените соништа“ 2021 год.,
– Државниот конкурс за средношколски есеи при „Меѓународниот лавјански Универзитет“ во Св. Николе континуирано во годините 2020, 2021 и 2023 год. и,
– учество на Меѓународна манифестација „Замокот на Дуино“ во Трст, Италија 2023 год., како и,
– активното учество на Меѓународната Олимпијада по финансиска математика и актуарство ОФМА 2021 и ОФМА 2022 год. и уште многу други награди и признанија.


Учење, знаење, успех, 5-ки и многу натпревари од кои Златка понесе признанија и награди, со што со резултати, а на предлог на Комисијата од денеска таа е прогласена за ПРВЕНЕЦ на генерацијата 2019/2023 !

Честитки и успех и понатаму во новите стадиуми на образовен растеж!

Првенец на генерацијата 2019.2023 – Златка Петрова

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Се гради патот Ново Конско-Серменин

Next Post

ЈАВОРОВИТЕ СЕНКИ во Гевгелија

Next Post
ЈАВОРОВИТЕ СЕНКИ во Гевгелија

ЈАВОРОВИТЕ СЕНКИ во Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Струмички карневал 2023 – прогласени принцот и принцезата, се појави и Тито

Струмички карневал 2023 – прогласени принцот и принцезата, се појави и Тито

2 години ago
Здравствено-превентивна акција за граѓаните од ЦК Гевгелија

Здравствено-превентивна акција за граѓаните од ЦК Гевгелија

2 години ago
ВИДЕО: Нова песна на Каролина Гочева „Дај на сунце“

ВИДЕО: Нова песна на Каролина Гочева „Дај на сунце“

1 година ago
На ГП „Богородица“ спречен шверц на златен накит вреден 2.000.000 денари

На ГП „Богородица“ спречен шверц на златен накит вреден 2.000.000 денари

8 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ФОТО: Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва – 80 години од победата над фашизмот
  • Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал
  • ЛИДЛ ВРАБОТУВА!

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ФОТО: Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва – 80 години од победата над фашизмот

ФОТО: Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва – 80 години од победата над фашизмот

мај 9, 2025
Гевгелиските средниошколци  ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

Гевгелиските средниошколци ДРЖАВНИ ПРВАЦИ во фудбал

мај 8, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist