Првата дестинација за разладување на летните горештини за гевгеличани беше песочната плажа на реката Вардар. Пеш, или на точак, а подоцна и со автомобили овде се разладуваа гевгеличани од дамнина.
Плитката плажа на десниот брег на Вардар ја посетуваа помалите и семејните капачи, а на левиот брег каде водата беше подлабока се капеа похрабри момчиња кои веднаш запливуваа во длабоките води. Требаше да умееш да се спротиставиш на водениот тек за да останеш со друштвото во вода, или ќе излезеш на брегот подолу, па пак ќе се вратиш да се спуштиш таму каде што девојките од другата страна ги посматраа момчињата.
Кришка лепче со сиренце и патлиџан и поминуваше топлиот летен ден на плажата на Вардар, под мостот на автопатот Е-75, сега пристапен пат до угостителски објекти и објекти за забава,
Ако не сте на годишен одмор и не бевте дел од колоната автомобили упатена деновиве кон јужните плажи во соседството, сигурно барате разладување за денешнава жега која се чувствува како да се 35 степени Целзиусови, па сетете се на најблиската плажа за гевгеличани, некогаш.
Фото: Плажа на Вардар – Гевгелија 60-те год. XX век