Македонката Славица Ангелова од Струмица, како единствена претставничка од Македонија, вечерва победи во финалето на музичкото талент шоу „Ѕвездите на Гранд“
Талентираната Славица како единствената Македонка која дотурка до финале успеа да ги победи сите после деветмесечна борба низ песна, во силната балканска конкуренција на талентирани пејачи во финалето на најгледаното музичко шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2022/20023.
Таа вечерва во финалето освои 88.367 гласови и доминираше над сите со фактот што второпласираниот Драган Ѓуриќ освои 71.747 гласови.
Со фантастична изведба, Славица оствари огромен успех под менторство на Ѓорѓе Давид.
Саша Поповиќ ѝ ги врачи клучевите од автомобилот кој заслужено заминува во нејзини раце.
Ангелова уште со нејзиниот прв настап покажа дека е еден од најсериозните кандидати за освојување на првото место. Нејзиниот талент веднаш го препозна и рокерот Ѓорѓе Давид кој на првата аудиција ѝ порача дека одамна се нема појавено таков талент во популарното музичко шоу.
Славица (21 год.) е студентка на медицинскиот факултет, а на јавноста ѝ е позната и по учеството во бугарскиот „The Voice“
Таа на македонската јавност ѝ стана позната во 2019 година кога со „Љубовта не боли“ настапи на Макфест, освојувајќи ја наградата за најдобар дебитант..
Гордото македонска девојка која и’ донесе радост на Македонија Славица позира со националното знаме и освоениот трофеј за најдобар глас на „Ѕвездите на Гранд“ за 2022/23, а со својата победа ја потврди музикалноста на Македонците.