Нашите играорци од КУД „Негорци“ од Негорци се вратија со освоен ЗЛАТЕН ПЕХАР за најдобар сценски настап на 9-от Меѓународен фолклорен фестивал „SUNNY OLIMPIA“ во Кранево, Бугарија.
За да ја воодушеват публиката и жирито на фестивалот тие имаа избор на сценски изведби од македонскиот традиционален фолклор. Пред публиката се претставија со сценска кореографија на песната „Билјана платно белеше“, со традиционалниот обичај и танц за „Истерување на чумата“ и со оро „Малешевско“.
Златото им припадна на нашите играорци од Негорци во конкуренција на фолклорни друштва од Европа, меѓу кои од Грузија, Молдавија, Украина, Бугарија.
За успешните настапи тие беа наградени со ДИПЛОМА и ПЛАКЕТА за најдобра кореографија.
Овој успех не доаѓа случајно, КУД „Негорци“ има своја 23 годишна традиција, постои од 2000 година под раководство на уметничкиот раководител Ѓорги Јованов кој ги тренира уште од најмлади возрасти новите генерации играорци од Негорци, а исто и ги предводи на бројни турнеи во земјата и на меѓународни фестивали.
Во Бугарија престојуваа од 15 до 21 јуни во рамките на фестивалот „SUNNY OLIMPIA“. Олимпија е инаку комплекс хотели со плажи и базени, па домаќините и организаторот на фестивалот им остави доста време и простор за разладување и забава на учесниците. Еве фото-сомени од убевите моменти на опуштеност со децата од КУД „Негорци“.
Честитки за успехот, златни деца!