Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против И.П.(43) од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во периодот од август 2022 до мај 2023 година, пријавениот преку телефон, лажно се претставувал како С.Г., вработен во Фондот за здравство, при што со нудење на помош за подигање на парични средства од Фондот, со измама ја навел А.Г. од с.Балинци да му исплати околу 6.000 евра.
Ова е вор случај на измамник од Гевгелија кој се претставува лажно и со лажно работно место и деловна способност се насочува на измама кон жени, со цел да се стекне со против правна материјална добивка.
На 19 јуни ОЈО Гевгелија поведе постапка за жител на Гевгелија кој беше осомничен за серија измами и лажно претставување, па преку измамнички шеми влечел пари од жени претставувајќи се како обвинител, инспектор, осигурителен агент.
Измамникот кој ја заработи денешната Кривична пријава е со „нова професија“ – вработен во Фонд за здравство.
Кривичната пријава е процесирана до Основното јавно обвинителство.