Синоќа, (28.06.2023 година), на делницата Гевгелија-Богданци се случила тешка сообраќајна несреќа.
Настанот е пријавен во 21:05 часот во Полициската станица Гевгелија каде од страна на пријавителот било наведено дека на регионален пат Гевгелија – Богданци се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и трактор.
Учесници во сообраќајката се патничко возило „Пасат“, управувано од Х.Н. (22) од Богданци и трактор „ИМТ“, управуван од С.К. (27) од Богданци, двете со гевгелиски регистарски ознаки.
Во несреќата возачот Х.Н. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициска станица Гевгелија.