На 29.06.2023 околу 18:10 часот во близина на Богданци од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Стар Дојран е лишен од слобода П.Г. (49) од Богданци.
Причина за приведувањето е поради основано сомнение дека со патничко моторно возило „Ауди A4“ со гевгелиски регистарски ознаки, превезувал мигранти.
При проверката на возилото од страна на полициските службеници биле пронајдени осум лица мигранти од Сирија.
За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Според Кривичниот законик на РСМ на осомничениот му се запретува казна затвор од најмалку 4 години.