Заврши Вториот меморијален меѓународен турнир во кошарка кој се одржа во Гевгелија и донесе Второ место за македонската репрезентативна селекција
Меморијалот „Боби Петковски“ собра на паркетот во салата „26 април“, четири јуниорски репрезентации од Македонија, Грција, Црна Гора и Израел. Тие се натпреваруваа за трофејот, а победата ја однесоа грчките јуниори, кои покажаа многу повеќе од своите колеги.
Младите кошаркари на нашиот јужен сосед постигнаа три победи во трит одиграни натпревари во салата „26.април“ во Гевгелија, и сосема заслужено го добија победничкиот пехар од рацете на претседателот на македонската кошаркатрска федерација, Перо Антиќ.
Нашата селекција „Под 18“ години со скор од две победи (против Црна Гора и Израел) и еден пораз го доби пехарот за второто место на турнирот. Зад нас останаа селекциите на Израел, и на Црна Гора, единствената селекција на турнирот која не запиша ниту една победа.
Авдалас е најкорисниот играч на турнирот
Кошаркарот на Грција, неоклис Авдалас е прогласен за најкорисниот играч на турнорот во Гевгелија. Апсолутно заслужено ако се знае дека овој млад кошаркар покажа доминантна игра во сите три натпревари на неговвата селекција која убедливо стигна до првото место. Беше еден од „факторите“ што јуниорскиот тим на Грција запиша три убедливи победи на меморијалот „Боби Петковски“.
МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР „БОБАН ПЕТКОВСКИ“2023 – ГЕВГЕЛИЈА
РЕЗУЛТАТИ
ПРВ ДЕН
Грција – Македонија 93:66
Црна Гора – Израел 64:76
ВТОР ДЕН
Македонија – Црна Гора 70:67
Грција – Израел 97:61
ТРЕТ ДЕН
Македонија – Израел 82:59
Грција – Црна Гора 86:50