Дојран викендов е епицентар на забавата и дружењето со изведба на над 50 концерти, стотици забавни активности, 5 бини, 15 Плоштарт зони, плажа, топло сонце и најжешката атмосфера за журки до сабајле со најдобрата фестивалска публика.
Вечерва на сцената ќе настапат: SMUT, FUNK SHUI, MIMI MERCEDEZ, Alina Pash, PARKETI, Peach Vice, S.A.M., Baklava, Princess Donatsu, Shorty p & IRIE Scratch, Bon Praskiza, Matej Foltz, OGIPSILON, AUDIOCIGLA,, Dimish, Flehify & BULLZ, REDIQ, MIA Perevska.
Пријателска Македонија, во пријателски Дојран испраќа музички вибрации до светот.
Од мирни денови на плажа со коктел или вкусно кафе, до луди ноќни забави – Дојран е вистински бисер и совршено место на кое можете да поминете опуштен одмор или незаборавен викенд со друштвото или со семејството.
Д Фестивал и годинава нудеше многу работилници, вежби на отворено пред езерото, па и час за латино танци.
Забавата е сето она што ќе ве расположи, па и насмее, како стенд ап перформансот „Ајде да зажмуриме“:
Првиот фестивалски ден помина со многу пофалби од странските учесници за пријателските куже во Македонија, за топлоиот и питом крај Дојран со езерото.
Meѓу изведувачите годинава беше и маестро Симон Трпчевски со „Македонисимо“ со која го обиколи светот.
Градот кој мирува преку зима, на лето се трансформира во центар на најдобрата забава – совршена музика за сечиј вкус и дружби на кои ќе се сеќавате со години, бидејќи „Д Фестивал“, најголемиот опен ер музички фестивал во Македонија.
Дојран е навистина два света во едно – две спротивни приказни кои една без друга не можат.
Бидејќи на лето Дојран е „Д Фестивал“, а „Д Фестивал“ е звукот на Македонија.

