четврток, 3, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home МОЗАИК

Лилјана Мајсторова – ПРВЕНЕЦ на генерација 2014/2023 при ООУ „В.Кантарџиев“

Ученичката Лилјана Мајсторова од IX-4 одделение со одлука на Наставничкиот Совет е прогласена за првенец на генерацијата 2014/2023 година

јули 2, 2023
in МОЗАИК
Лилјана Мајсторова – ПРВЕНЕЦ  на генерација 2014/2023 при ООУ „В.Кантарџиев“
0
SHARES
640
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Наставничкиот колегиум при ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија ја прогласи ученичката Лилјана Мајсторова од IX-4 одделение за првенец на генерацијата 2014/2023 година.

Лилјана како полуматурантка за крајот од оваа учебна година со своите постигнати резултати во учењето и претставувањето на училиштето на општински и државни натпревари оствари завидни резултати, највисоко и најмногу од своите сокласници, поради што ја понесе Дипломата за ПРВНЕЦ на својата генерација во целиот период на основното образование.

Related posts

Tрет инклузивен марш на Кожуф

Tрет инклузивен марш на Кожуф

јуни 29, 2025
ДОЈРАН ЛЕТО 2025 – ветровито ама пријатно

ДОЈРАН ЛЕТО 2025 – ветровито ама пријатно

јуни 28, 2025

– „Лилјана во текот на сите години на школување покажа континуиран одличен успех, примерно поведение и учество на многу натпревари.
Она што особено ја истакнува Лилјана е нејзината скромност, смиреност, остроумност, харизматичност, емпатичност и секако нежност и убавина. Од името на сите вработени во ООУ„Владо Кантарџиев“-Гевгелија, ѝ посакуваме гордо и достоинствено да се претставува себеси и училиштето секаде каде што ќе се појави“ – објавија за својот Првенец од училиштето.

Лилјана во училишниот Алманах

Во врска со своето основно образование и идни планови првенката Лилјана за GevgelijaNet изјави:

– „Имам учествувано на многу училишни, општински, регионални и државни натпревари на кои сум освоила многу I-ви, II-ри и III-ти места. Со најголем интерес учествував на натпреварите по физика и биологија, но не би ги занемарила и останатите предмети како хемија, англиски, географија и македонски“ – ги истакнува Лилјана своите наставни приоритети.

Лилјана не ги брои наградите, ние изброивме 14 награди, дипломи, уверенија за учество на натпревари претставувајќи го своето училиште

Меѓу сите училишни обврски таа наоѓа време да е активен член на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија и учествува на бројните настапи кои ги има овој фолклорен репрезент од нашиот крај.

Лилјана планира своето средно образование да го продолжи во СОУ,,Јосиф Јосифовски” во природно математичка билингвална паралелка.

За професионалните афинитети во животот истакнува:
– Се’ уште е рано да размислувам за факултет, но многу ме привлекуваат информатичките науки како софтверски инженер, програмер и сл. Се надевам дека ќе ја одбранам титулата „Првенец на генерацијата“ и во понатамошното образование и гордо ќе го претставувам училиштето од каде што доаѓам“ – вели самоуверено првенката Лилјана знаејќи дека сето досега го постигнала со свој труд, учење, залагање, посветеност и љубопитност кон знаењето и науката.

Честитки од нас и СРЕЌНО во следните образовни предизвици!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

„Д Фестивал“ – Тридневна фестивалска фешта, дружба и пријателства во Дојран

Next Post

Тешко повреден маж на Железничка Гевгелија

Next Post
Тешко повреден маж на Железничка Гевгелија

Тешко повреден маж на Железничка Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Влатко Семенаков – ПРВ во категорија на Солунскиот маратон во Грција

Влатко Семенаков – ПРВ во категорија на Солунскиот маратон во Грција

1 година ago
Конститутивна седница на Собранието на Македонија

Конститутивна седница на Собранието на Македонија

1 година ago
„Мобилност“ Гевгелија на Републички квиз натпревар

„Мобилност“ Гевгелија на Републички квиз натпревар

2 години ago
Запленети 17,7 тони тутун во лист на ГП „Богородица“

Запленети 17,7 тони тутун во лист на ГП „Богородица“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани
  • Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

јули 2, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist