Две повредени лица, еден со тешки телесни повреди, еден со полесни е епилогот од вчерашната сообраќајна несреќа што се случила во атарот на општина Гевгелија.
Учесници во сообраќајната несреќа се возило „Голф“ и моторцикл марка „Сузуки“.
Потешко поминале возачот на моторциклот и неговиот сопатник, и двајцата жители на општина Гевгелија.
Во полицискиот извештај стои евидентирано следното:
– „На 01.07.2023 во 19:40 часот било пријавено дека во с.Давидово, гевгелиско се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „Сузуки“ без регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(27) од с.Давидово, и патничко моторно возило „Голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од А.Т.(29) од с.Давидово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот А.Т., а со телесни повреди се здобил сопатникот на мотоциклот А.С.“
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гевгелија – се наведува во полицискио тизвештај за сообраќајната несреќа во гевгелиско.