Синоќа се одржа големото финале на осмата сезона на популарната талент шоу програма за постари пејачи – „Никад није касно“.
Финалистите кои се претставија пред широката публика на прекрасна сцена и се бореа во трката за главната награда беа: Миглен Меги Николова, Амил Бишќанин, Јелена Митровиќ, Дејан Драшковиќ, Јасминка Дујмовиќ, Павле Витанов (MK), Натали Пријовиќ, Владимир Александ Алексанков, Сашка Ракоњац, Едвин Хусариќ Едо, Сабина Калтак, Петар Спасојевиќ.
Првиот победник на „Никогаш не е доцна“ го избра стручно жири, вториот победник го избра публиката преку СМС гласови, а третиот гласачите на Фејсбук.
Годинешниот победник на гласањето на Фејсбук е Павле Витанов од Струмица, од Македонија. Тој освои 44.604 гласови или 34,5% од вкупниот број на гласовите.
Струмичани годинава дефинитивно доминираат на музичкта-шоу сцена во Србија, после победата на Славица Ангелова од Струмица на шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Српските медиуми се прашуваат: „Што е тоа што се случува во градот со 35.000 жители, каде Витанов ја донесе втората музичка круна?!““
Слушнете го македонското победничко грло на 51 годишниот македонец Павле на сцената на српското талент шоу „Никад није касно“:
Според одлуката на публиката на Фејсбук, убедлива победа извојува струмичанецот Павле Витанов, кој не криеше дека има голема поддршка на оваа социјална мрежа.
– „За време на пандемијата, кога сите бевме затворени, започнав проект на мојата страница, свирев на Фејсбук, луѓето ми пишуваа која песна сакаат да ја слушнат. И стигнав до 44 илјади следбеници. Човек треба да проба се, има само еден живот, зошто да не проба?!“ – рече Витанов за време на натпреварот не надевајќи се дека ќе добие награда од гласачите на Фејсбук во големото финале.
Така и бидна. Честитки !