Викенд гужвата за време на летната туристичка сезона е добар параван за мигрантите и помошниците на мигрантите за нелеглен премин на границата.
Така, во текот на вчерашниот ден, на 02.07.2023 од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, од слобода биле лишени Д.Т.(30) и В.Т.(54), двајцата од Гевгелија.
Имено, тие околу 09:10 часот биле забележани од полициските службеници како на четири кинески и еден индиски државјанин им помагаат при обид нелегално да ја преминат границата за влез во Р.Грција.
Двете лица се приведени во полициска станица и за случајот е известен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, а по негово целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Лицата мигранти биле предадени во Полициска станица за Граничен надзор Богородица за понатамошна постапка.