Историски успех на шахистите од ШК „7-ми Ноември“ од Гевгелија – на одржаните натпревари од Втората Македонска шаховска лига тие освоија 4-то место и се пласираа за бараж за ПРВА Лига.
Големината на овој успех е тоа што се случува за неполни две недели, најпрво влез во Втора Лига, а за 14 дена изборен бараж за ПРВА ЛИГА на Макеоднската шаховска федерација.
Заслужни за тоа се 9-мината од тимот на Гевгелија во состав:
1. Саво Спасеновски
2. Тоше Андонов
3. Слободан Дачев
4. Благојче Најдески
5. Борче Танчев
6. Перо Димов
7. Коле Думаловски
8. Дуле Андонов
9. Пепи Танчев
Натпреварите за Втора лига се одржаа од 30.06 до 4.07 годинава во х.„Дрим“ во Струга во конкуренција од 8 екипи од Македонија во машка сениорска конкуренција, во организација на Шаховската Федерација на Македонија.
На овој брзопотезен успех на гевгелиските шахисти му претходеа четири победи:
– Најпрво „падна“ екипата на Охрид со резултат 3.5 : 2.5;
– втората победа беше над екипата на Центар со резултат 3.5 : 2.5;
– потоа победа над екипата на Шкендија од Тетово со резултат 4 : 2;
– и голема победа против екипата на Карпош од Скопје со резултат 3.5 : 2.5.
Имаше и два тесни порази, од домаќинскиот тим на Струга и екипата на Стево Патако од Битола.
Претседателот на ШК „7-ми Номември“ од Гевгелија Пепи Танчев изјави дека:
– „Успехот е поголем што е остварен со наши играчи, за разлика од другите екипи кој што имаа засилувања. Ова е за нашиот клуб историско достигнување“ – Изјави Танчев нагласувајќи дека им претстојат опсежни подготовки сега, кога се на чекор до Првата лига на МШФ.
Овие резултати на гевгелиските шахисти заслужуваат ЧЕСТИТКИ!
СРЕЌНО до ПРВА!