четврток, 3, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

Интервју со БОЈАНА ТАНОВА (Иванова) – прва фудбалска репрезентативка од Гевгелија

Бојана испиша 11 години репрезентативен стаж во младинската, јуниорската и во „А“ репрезентацијата на Фудбалската Федерација на Македонија. Има одиграно над 50 меѓународни натпревари во дресот на Македонија, над 100 натпревари во клубови од Правата Женска фудбалска лига во Македонија и Србија

јули 6, 2023
in ИНТЕРВЈУ, СПОРТ, ФОКУС
Интервју со БОЈАНА ТАНОВА (Иванова) – прва фудбалска репрезентативка од Гевгелија
0
SHARES
2.1k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелија е 121 година фудбалски град, со формирањето на ФК „Кожуф“, но нема женски фудбал, но затоа ја има првата фудбалска репрезентативка од својот општински атар – младата БОЈАНА ИВАНОВА, сега ТАНОВА. Оваа наша сограѓанка испиша 11 години репрезентативен стаж во младинската, јуниорската и во „А“ репрезентацијата на Фудбалската Федерација на Македонија. Има одиграно над 50 меѓународни натпревари во дресот на Македонија, над 100 натпревари во клубови од Правата Женска фудбалска лига во Македонија и Србија. Има само 29 години, играла во 7 клубови од Права женска фудбалска лига, сите клубови станале шампиони во лигата додека таа била во нивен состав, поседува „Б“ Лиценца за тренер од 2016, се стекнува со „А“ Лиценца за тренер од 2019, и „А“ и „Б“ Лиценца за УЕФА тренер.

GevgelijaNET: Гевгелија малку ја знае твојата фудбалска кариера, си настапувала за клубови од други општини, но ловците на фудбалски таленти те препознале и вовеле во репреентативните води. Како се случи тоа?

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

Бојана: – „Како ученичка на 8 годишна возраст заради моја рекреација родителите ме запишаа да тренирам во подмладокот на Женскиот фудбалски клуб „Валандово“ во Валандово. Тоа беше 2001 година. Работев со првиот мој тренер во животот Гордана Кочева. Тогаш уште немаше лига и чисто трениравме и некои теренски вежби“.

Вака Бојана ги објаснува своите фудбалски почетоци, не заради тоа што го одбрала фудбалот како спортска пасија која подоцна ќе и’ прерасне во професионална определба, туку како избор за спортување и создавање на здрави спортски навики.

GevgelijaNET:  Од твоето родно фудбалско Миравци каде што живееше и учеше ти патуваше два пати неделно до Валандово на тренинг, бидејќи и во фудбалското Миравци немаше женски фудбалски клуб. Кога се роди љубовта кон фудбалот? Како дојде до отварање на вратата за твоја репрезентативна фудбалска кариера?

Бојана: – „На 8 години јас сум само дете и секоја игра во тој период за дете на таа возраст претставув забава. Јас уживав во играта и вештините кои ги учев на теренот. Не знаев дали сум добра, или не. Тогаш немаше женска фудбалска лига и немаше со кого да се споредиме, Одигрувавме само по некој пријателски натпревар со подмладокот од Валандово, или Гевгелија и толу. Откритието за моите способности дојде со посетата на Добри Димовски, селектор на фудбалската репрезентација на Македонија за У-17. Од сите девојчиња кои трениравме во Валандово само мојата игра го привлече селекторот Димовски. Падна и совет и заповед од негова страна дека: „Веднаш мора да почнам да играм фудбал за Женската фудбалска лига“. Тоа значеше дека мора да се префрлам во клуб кој настапува во лига.

Така нашето девојче од Миравци, го напушта училиштето ООУ „Климент Охридски“ и се сели во Кавадарци каде го продолжува школувањето, но и најважно – за спортскаа кариера за која го посветуваме ова интервју, почнува да игра за ЖФК „Тиквешанка“ Кавадарци.

GevgelijaNET: И, со свои 12 години, со незавршено основно образование ти менуваш и училиште, и град на живеење, и клуб? Многу храбро и одлучно за едно девојче.

Бојана: – „Добрите совети во животот треба да се следат, особено ако се дадени од стручњаци кои подобро можат да ги оценат твоите квалитети отколку ти самата на 12 години. Јас ја имав среќата да добијам совет од врвен професионалец, па и одлуката за таквата селидба беше прифатена од моите родители кои ме поддржуваа на патот кој полека се отвараше и трасираше пред мене, а тоа е кариерата во женскиот фудбал.

После „Тиквешанка“ Бојана продолжува во Скопје каде се запишува во средното фискултурно училиште „Методија Мицевски Брицо“ и овде најпрво игра за ЖФК „Наше такси“, потоа за ЖФК „Единство“ и ЖФК „Драгон“ сите прваци во ЖФ Лига. На прашањето како средношколка успеа да смени толку клубови, Бојана одговори:
– „Па сите сакаа победа во Женската Лига и ги бираа најдобрите за својот тим. Јас секогаш играв со најдобрите и со победниците“, вели Бојана која скромно сакаше да го одмолчи овој податок за нејзината фудбалска вештина и „цена“.

Потоа нашата фудбалска ѕвезда од Миравци, гевгелиско, продолжува и на Факултетот за физичка култура и продолжува да игра во најдобрите тимови од ЖФЛ: „Кочани“ од Кочани, „Тиверија“ од Струмица и во клуб „Машинац“ од Ниш, Србија.

Бојана Иванова, сега Танова е прва од десно доле

GevgelijaNET: И со колку години го облече репрезентативниот дрес на Македонија?

Бојана: -„Тоа беше за прв пат на мои 13 години. Настапив со женската фудбалска репрезентација во составот на У-17 на натпревари кои се одигруваа во Турција. Бев член на Македонската женска фудбалска репрезентација цели 11 години. Настапував за У-19, и во „А“ репрезентацијата на Македонија“.

GevgelijaNET: Низ години тоа е повеќе од една декада од твојот живот, а низ фудбалски бројки како ќе го оцениш твојот успех?

Бојана: -„Имам одиграно над 100 натпревари за клубовите во кои настапував, и над 50 меѓународни натпревари за Македонската репрезентација. Најголем успех ми е настапот на Европско Првенство во фудбал 2010 година кога настапував во У-17 репрезентацијата, каде игравме меѓу најдобрите 16 тимови од Европа. Нам ни’ се падна тешка група со Франција, Шпанија, Италија и резултатите не не’ однесоа во другите натпреваувачки фази. Од клубските успеси ќе ги набројам: учеството на „Лига на Шампиони“ како дел од тимот на „Наше такси“ од Скопје, исто и учеството на Лига на Шампиони со тимот на „Тиквешанка“ од Кавадарци“.

GevgelijaNET: После 11-те години во дресот на македонската репрезентација во женски фудбал, продолживте ли со фудбалот?

Бојана: Да. Станав дел од Стручниот штаб на У-15 фудбалската репрезентација за жени и помошен тренер. Во 2017 формирав младинска екипа во Миравци и се занимавав со тренирање фудбал, а од 2019 година работам со подмладокот на ФК „Кожуф“ од Гевгелија, генерација 2013/14.Сето тоа ме прави уште блиска со фудбалот и играта која им ја пренесувам на младите.

Бојана (прва десно) како член на Стручниот штаб на У-15 на селекторот на македонската фудбалска репрезентација за жени
Бојана како помошен тренер на У-15 ги подготвува и следи девојките во нивните меѓународни настапи

GevgelijaNET: Сега си наставник по физичко образование и спорт во ООУ „Ристо Шуклев“ од Негорци, а и тренер на подмладокот на ФК „Кожуф“. Значи, фудбалот стана твоја професија. Како прва фудбалска репрезентативка од Гевгелија планираш ли да бидеш пионер во создавањето на фудбалска екипа од девојчиња во Гевгелија, или во нашата општина?

Бојана: -„Наставата со децата е мое задоволство, а тренирањето моја прва спортска љубов со која се враќам на своите почетоци. Сакам да придонесам децата повеќе да спортуваат, и машки, и женски. Засега нема некој интерес за женски фудбал во Гевгелија, но се надевам дека ќе се разбијат стереотипите дека ова е само машки спорт. Во прашање се предрасуди присутни пред се’ кај родителите. Ако децата почнат да тренираат ќе го засакат спортот, навиките за вежбање, кондиционите вежби, и дружењето секако. По моето враќање од студии од Скопје првата моја работа беше да создадам младинска екипа која ќе ја подучувам на фудбал. Почнав во Миравци 2017 година и овде го формирав младинскиот клуб ФК „Миравци 2018“, па од 2019 работев со подмладокот во рамките на ФК „Кожуф“. Се надевам дека ќе има уште нови генерации. Тренерството е моја определба за понатаму“, вели оваа посветена спортистка.

Бојана се стекнува со „Б“ Лиценца за тренер во 2016, а во 2019 и со „А“ Лицнца за тренер и тренер на УЕФА „А“ и „Б“
ФК „Миравци 2018“ – прва екипа подмладок каде Бојана е тренер
На теренски и кондициони вежби со децата од ФК „Миравци 2018“

GevgelijaNET: Како наставник по физичко воспитување не ли ги истрошуваш своите работни амбиции во текот на денот со учениците, со спортските училишни активности? Како се наоѓа време и инспирација за уште тренерски активности со младите?

Бојана: -„Преку спортот децата создаваат здрави навики и дисциплина, се социјализираат, дружат, се едуцираат и најважно се формират во здрави карактери кои во иднина би придонеле во општеството. Децата треба да се насочат на една правилна линија и лесно да ги воочат вистинските вредности. Се надевам дека ќе бидам успешна во таа моја тренерска работа. До сега работев со генерација 2013/14 во ФК „Кожуф“ и горда сум на нив. Се надевам на нови генерации за тренерсрак работа, едукација и дружења, за создавање здрави генерации“.

Тренинг на Фудбалската школа ФК „Кожуф“ Гевгелија

На овие определби и залагања можеме цврсто да и’ веруваме на Бојана, зошто таа е дете кое детството го помина со спортот, вели најубавите години ги поминала во Скопје додека учела, студирала и настапувала во клубови од Првата женска фудбалска лига. Учела, тренирала, се натпреварувала, освојувала трофеи и награди за своите клубови и за Македонија. Овој свој жар на теренот сака да го пренесе и на другите генерации млади кај нас.

На невестата која својот незаборавен ден од животот го поминува во фото сесија на фудбалско игралиште со патики и фудбал, треба да и’ верувате дека го сака фудбалот и спортот и со сигурност знае да ја пренесе фудбалската магија и на генерациите потоа.

Да и’ посакаме среќа.
СРЕЌНО Бојана!

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ПЕТ МЕДАЛИ освоија Гевгелиските учеснички на меѓународен фестивал во Бугарија

Next Post

Генијалецот МАКЕДОН освои НОВ ЗЛАТЕН МЕДАЛ на натпревар по математика

Next Post
Генијалецот МАКЕДОН освои НОВ ЗЛАТЕН МЕДАЛ на натпревар по математика

Генијалецот МАКЕДОН освои НОВ ЗЛАТЕН МЕДАЛ на натпревар по математика

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгеличанецот Мартин Костадинов со настап на „Ѕвездите на Гранд“

Гевгеличанецот Мартин Костадинов со настап на „Ѕвездите на Гранд“

2 години ago
ФК „Кожуф“ генерација 2012 – ТРЕТО место на Детската лига на Македонија

ФК „Кожуф“ генерација 2012 – ТРЕТО место на Детската лига на Македонија

1 година ago
Царина заплени 18.000 евра, дел од нив и на ГП „Богородица“

Царина заплени 18.000 евра, дел од нив и на ГП „Богородица“

2 години ago
Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

Средношколецот Стефан Младеновски од Гевгелија Економски Олимпиец

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist