Девизата за учењето, науката и потстрекот за нови знаења во многу зависи од приодот на наставникот кон материјата и начинот на презентација и изнесување пред учениците.
– „Среќна сум кога некој ја сака биологијата како мене, а уште посреќна кога добиваме награди за вложениот труд!“ – истакна наставничката Елизабета Јаневска која е ментор на нагдарените ученици по биологија на државен и регинален натпревар 2023. Тоа се:
1. Росица Митрова (VIII одд.) од ООУ „Климент Охридски“ – освои ВТОРА награда.
2. Трајков Кристијан – ТРЕТА наградана регионален натпревар по билогија, исто уленик на ООУ „Климент Охридски“ од Миравци.
На 10 јуни на Природно Математичкиот Факултет во Скопје се одржа државен натпревар по природни науки на кој учениците
1. Анастасија Тодорова – (V одд.) – освои ВТОРА награда и
2. Ефтимиј Новаковски – освои ТРЕТА награда
и двајцата ученици од V- одд.во ООУ „Владо Кантарџиев“ Гевгелија под менторство на Елизабета Јаневска.
3. Мирјана Тодорова – освои ТРЕТА награда (VI одд. од истото училиште);
4. Ристе Аврамчев – доби ПОФАЛНИЦА – (VI одд. ООУ „Владо Кантарџиев“)
Ментори: Елизабета Јаневска и Александра Ѓоргиева. Подготовките за натпреварот за VI одделенците беше заеднички труд на наставничките Јаневска и Ѓоргиева.
– „Да се биде наставник на вакви прекрасни деца е привилегија и гордост!“ искажа благодарност наставникот-ментор Јаневска споменувајќи ги и другите кои зедоа учество на државниот натпревар по природни науки на ПМФ, на 10 јуни оваа година: – „Сава, Петар, Магдалена, Симона, Ристе ви благодариме за вложениот труд и посветеност, а едно огромно браво за покажаниот успех на државниот натпревар по природни науки“.
GevgelijaNet упати прашање до наставничката Јаневска: „Како се создаваат ученици-победници? Потребен е нивен интерес за дополнително знаење, или деца со афинитети за наука, натпревари и победи? Дали подготовките за натпревар значат засилено вежбање и дополнителна надградба на знаењето? Еве што таа ни’ одговори:
– „Јас сум дипломиран професор по биологија од 2000 година и од мала знаев дека сакам да бидам наставник.Љубовта кон биологијата ја добив од мојот прекрасен професор Митко Караделев кој е сега редовен професор на ПМФ и од тогаш стојам зад девизата: „Ако го сакаш наставникот го сакаш и предметот што го предава“.
Инаку во образование сум од 2018 година.
Како се создаваат победници?
Со многу труд и напорна работа, затоа им се заблагодарувам и восхитувам на моите ученици бидејќи подготовките беа после часовите кога тие иако изморени остануваа и работевме заедно. Да, подготовките за натпревар значат засилено вежбање и надградба на знаењето. Наставникот како ментор е битен сегмент бидејќи подготовките се заеднички, но сепак мотивираните ученици се најважни бидејќи наградите се за трудот кој тие самите го вложиле. Ние како ментори сме тука да помогнеме во сиот тој процес“.
Значи со посветени едукатори доаѓаме до заинтересирани ученици кои сакаат да учат, напредуваат со занењата и победуваат!
Им посакуваме на сите многу успех во иднина и убаво и безгрижно лето!