Викендов на градскиот плоштад „Фонтана“ во Гевгелија се продаваа крофни и лимонада, подготвени од децата од Гевгелија.
Идејата да продава крофни за да и’ помогне на ЛУНА (по примерот на Нина од Нови Сад) е на Марија Митрова, 11 годишно девојче од Гевгелија. Во хуманата акција и’ се придружија и другарките, и малиот Петар и Матеа, и гевгелискиот херој Дамјан Хаџи-Николов.
Сите продаваа крофни и лимонада за да соберат средства потребни за лекување на малата Луна Поп-Костова (14 год.) од Гевгелија.
Запознајте ги малите хуманитарци кои од срце собираат средства за 14 годишната Луна Поп-Костова од Гевгелија која треба итно да се оперира во странство.
АПЕЛ до сите гевгеличани и сите граѓани да се вклучат во хуманитарната акција со своја донација или друга хумана акција, со своја идеја, посветена за лекување на Луна, за помош да се соберат средства потребни за нејзина операција во странство. Луна има дијагноза, но во моментот животно загрозувачка е заканата од сколиозата која е во напредна фаза и итно и’ е потрребна опрација која треба да биде изведена во август оваа година., во клиника во Турција
Донаторските броеви оставуваат отворени за сите Ваши хумани прилози:
А1 143-478
Т-мобиле 143-103.
Можете да донирате и на хуманитарната меѓународна платформа „Go Fund Me“ на овој ЛИНК: https://gofund.me/45bc4a15
Вака изгледаше плоштадот „Фонтана“ во саботата и неделата во Гевгелија – раздвижен, со деца, родители, сите се заблажуваат со крофните и заедно помагаат за ЛУНА!