Македонски математичари повторно постигнаа голем успех на престижен меѓународен натпревар во Јапонија, освојувајќи четиро медали од кои еден ЗЛАТЕН, еден СРЕБРЕН и два БРОНЗЕНИ медали.
Сојузот на математичарите објави дека на 64-та Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2023) – најпрестижниот математички натпревар за ученици од средните училишта, која годинава се одржува од 2 до 13 јули во Чиба, Јапонија – Македонската репрезентација постигна одличен успех!
– „На овој светски мегдан за извонредност нашата екипа се закити со еден златен, еден сребрен, два бронзени медали и две пофалници, се наведува во соопштението.
1. ЗЛАТЕН медал освои Дамјан Давков со освоени 32 поени,
2. СРЕБРЕН медал освои Алексиј Тасиќ – со освоени 25 поени,
3. БРОНЗЕН медал свои Никола Цветаноски – со освоени 23 поени,
4. БРОНЗЕН медал и за Никола Спировски – со освоени 19 поени.
Честитки за носителите на медали и за двајцата добитници на Пофалница.
Умни деца дома, умни и во светот!