Железничката линија, ридиштата, камионите и други превозни средства не се единствените начини за нелегален влез и транзит на мигранти низ нашата држава. Освен што ангажираат нелегални транспортери во криминалниот трансфер, во најновиот извештај од ОВР Гевгелија евидетирани се мигранти кои сами се превезуваат во автомобил. Како „напреднала“ мигрантската снаодливост, не се вели во извештајот.
ПС Гевгелија јавува дека на ден 12.07.2023 (вторник) , околу 12:00 часот во населба Караорман во Гевгелија, полициски службеници од ОВР Гевгелија пронашле 10 лица мигранти, од кои осум од Сирија и две од Египет.
Имено, полициските службеници забележале дека во патничко возило „Форд Мондео“ се превезуваат лица мигранти, додека во патничко возило „Рено Лагуна“ со скопски регистарски ознаки се качуваат лица мигранти.
Откако ги забележале полициските службеници, возилото „Форд“ го напуштило местото, додека возачот на возилото „Рено Лагуна“ го напуштил возилото, по што во него биле пронајдени мигрантите.
За случајот бил известен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во прифатно – транзитен центар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.