Вечерва на плоштадот во Валандово се продаваат крофни за Луна. Иницијатори на оваа идеја и соседната општина Валандово да се приклучи со хумаитарна акција за болното девојче од Гевгелија, се две девојчиња од Валандово, Теона и Кристина.
Сите прилози од продажбата на крофните ќе бидат наменети за лекување на 14 годишната Луна Поп-Костова од Гевгелија која 1,5 година се бори со сколиозата, а болеста веќе ги загрозува нејзините органи, белите дробови, дишењето, со што станува животно загрозувачка состојбата.
Хуманитарните крофни на Марија од Гевгелија станаа пример и за другите девојчиња од соседството.
Под знакот на хуманоста е и вечерашниот хуманитарен настан од забавен карактер кој ќе се одржи вечерва во Кафе-бар „У“. На забавата ќе настапи Ѓорге Попов кој најавува дека секој посетител може самостојно да донира колку може за Лекување на Луна оставајќи свој прилог во кутијата за донации. Влезот е бесплатен, а настанот започнува во 22 часот.
Малото девојче Луна со својата состојба и итната потреба од операција ги обедунува хуманите луѓе и од другите општини во државата.
Вчерашниот отворен штанд „Крофни за Луна“ се прошири со уште два штанда: беа изложени рачни изработки, накит (колби, ланчиња) изработени од девојчињата Анастасија и Теодора од Скопје, како и обетки од тетката Вера од Гостивар.
На 21 јули во Гевгелија групата „Blue Band“ од Штип ќе одржи хуманитарен концерт посветен за Луна. Настаот ќе се одржи во „Daily coffe house“ во Гевгелија. Влезот е 150 денари и овие средства целосно ќе бидат уплатени на донаторската сметка за лекување на Луна!
Издржи девојче, хуманите луѓе и љубовта која ти ја искажуваат ќе те одведат на неопходната операција во Турција!