Топлиот саботен ден и енормната гужва на Граничните премини на излез од државата кон Грција беа повод за превентивна акција на полициските службеници од ПС Гевгелија и Граничен надзор на овие премини.
Денеска (15.07.2023) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, Полициска станица за Граничен надзор и Гранични проверки „Богородица“ и Полициска станица за Граничен надзор и Гранични проверки „Стар Дојран“ претставници од „Фронтекс“ во рамки на оперативниот план “Безбедно лето 2023”, спроведоа превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото “Вози одморен”.
Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила кои пристигнаа на граничниот премин „Богородица“ и граничниот премини „Стар Дојран“ им беше укажано за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од замор, како и за потребата од пауза, внесувањето на повеќе течности, како и почитување на сообраќајните правила и прописи.
Поради топлото време, во корист на акцијата „Безбедно лето 2023“ во која и одмореноста и психофизичката способност на возачот има влијание, од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени шишиња со вода за освежување.