Наше а светско!
Фудбалерот Борче Ристовски од Дојран од вчера е дел од тимот на АФК „Карпати (AFC Carpathians).
AFC „Carpathians First“ е фудбалски тим од Грасрут. Тимот е од Англија, Обединетото Кралство. Настапуваат во „Норт Бакс“ Лигата и окружната „Дистрикт Лига Интермедија“.
Управата на тимот официјално се пофали за новиот трансфер на фудбалерот од Македонија посочувајќи дека зад себе има меѓународна и репрезентативна кариера за Македонија.
– „Успеваме да донесеме уште еден искусен играч, со одиграни натпревари во првата лига на Македонија, Албанија и Белорусија („Динамо Минск“) со натпревари во репрезентацијата на Македонија У21
Добре дојдовте Борче Ристовски !!“ – беше радосната вест која тимот ја објави на својот фан пејџ.
Вака фален и добредојден можеме само да ти посакаме СРЕЌА Борче!