ОВР Гевгелија поднесе кривични пријави против А.У.(53) и против А.П.(47), двете лица од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“.
А.У., во својство на одговорно лице во приватна фирма од с.Стојаково – Богданци, во три наврати извршил пречекорување на своите законски овластувања, додека А.П. во својство на одговорно лице во приватна фирма од Гевгелија во шест наврати извршила пречекорување на своите законски овластувања.
Имено, за време на забрана за движење на населението како мерка за спречување на ширењето на Ковид – 19, А.П. на три лица од с.Богородица, а А.У. на шест лица од Гевгелија им издале дозволи за движење за вршење на сменска и ноќна работа и покрај тоа што тие не биле вработени во фирмата.
Двете кривични пријави се поднесени денеска до ОЈО Гевгелија.
Минатата недела за истото кривично дело ОВР Гевгелија поднесе уште една Кривична пријава.
Во пријавата се терети лицето Ѓ.П.(61) од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, во својство на одговорно лице во правно лице од Гевгелија, за време на траење на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата, со цел спречување на ширење на заразната болест Ковид-19, на 30.03.2020 на лице од Гевгелија издал дозвола за движење за вршење на сменска и ноќна работа во наведеното правно лице и покрај тоа што истиот не бил во работен однос во правното лице, со што му овозможил издадената дозвола да може да ја користи без оправдани причини за други цели.
Oваа КП е поднесена на 9 јули до ОЈО Гевгелија.
Претходно на 8 јули МВР извести дека за истото кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ се осомничени уште двајца гевгеличани Р.А.(42) од Гевгелија и Л.Б.(56) од с.Богородица, и двајцата одговорни лица на правно лице регистрирано во ЦР Гевгелија.
По Кривичните пријави законски надлежно е да постапува Основното јавно обвинителство во Гевгелија.