Гевгеличани ги интензивираат активностите за собирање финансиска помош за Луна Поп-Костова.
Утре, петок 21 јули во Гевгелија ќе биде средиште на хуманоста со организирање на два хуманитарни концерти за помош на Луна.
Првиот е со почеток во 19:00 часот во центарот на Гевгелија во организација на општина Гевгелија, здруженија на граѓани и културни работници од Гевгелија. Сите тие со песни, игри, драматизации ќе ја анимираат публиката да се радува на животот и да пристапи кон хуманитарните кутии за донирање финансиска поддршка за итното оперативно лекување на Луна.
Добредојдени се сите кои сакаат да се придружат на донаторската акција на овој хуманитарен концерт.
Вториот концерт е во организација на групата „Blue Band“ од Штип. Овие млади музичари всушност први најавија, уште на почетокот на хуманитарниот апел за Луна дека ќе организираат хуманитарен концерт во Гевгелија на 21 јули и истиот ќе го посветат за Луна. Настаот ќе се одржи во „Daily coffe house“ во Гевгелија, со почеток во 21:00 часот. Влезот е 150 денари и овие средства целосно ќе бидат уплатени на донаторската сметка за лекување на Луна!
Малото девоје Луна ги обединува Гевгеличани, но и хуманите луѓе. За нејзиниот проблем со сколиозата (искривување на р’бетот) која и’ го загрозува здравјето и животот потребни се 64.300 евра за ИТНА операција. Заклучно со денешниот ден собрани се половина од потребните средства за операцијата.
АПЕЛОТ за донирање останува упатен до добрите луѓе. Секој кој може нека учествува во хуманитарбата акција на отворените телефонски броеви за донација:
A1 143-478
T-mobile 143-103
За девизни дознаки на меѓународната хуманитарна платформа
GoFundMe – ЛИНК: https://gofund.me/45bc4a15