И годинава традиционално ќе се одигра турнирот во мал фудбал во организација на Спортското друштво „КМФ Миравци“ од Миравци.
Заклучно до денеска за учество се пријавија 17 екипи во сениорска конкуренција и 10 екипи во јуниорска конкуренција.
– „Рокот за пријавување истекува во недела на 23 јули. Така, организаторите вечерва на полноќ ќе извршиме ждребување за екипите кои ќе го стартуваат турнирот. Ќе избереме четири екипи кои ќе одиграат натпревари на веќе подготвеното игралиште во Миравци, на стартот, утревечер, 24 јули со почеток во 21:30 часот“ – изјави за GevgelijaNet Илија Николовски, претседател на СД „КМФ Миравци“.
Наградниот фонд на турнирот е замашен, вкупно 200.000 денари од кои 100.000 за носителот на Првото место од турнирот, и по 60.000 ден., 30.000 денари и 10.000 денари за носителите на второ, трето и четврто, место следователно.
Освен пехарите и паричните награди за носителите на првите 4-ри места, на Турнирот ќе бидат прогласени и најдобар голман, голгетер и најдобар играч за кои исто така се предвидени наградни трофеи.
– „Секоја вечер ќе се одигруваат по два нетпревара во сениорска и еден натпревар во јуниорска конкуренција. Рокот за пријавување на јуниорските тимови ќе трае до среда, 26 јули, бидејќи се помал број и подоцна ќе започнат со натпреварувањата“ – додаде во својата изјава претседателот на СД „КМФ Миравци“ Николовски.
Од утре, понеделник, 24 јули „Сите правци водат до Миравци!“
Не пропуштајте, уште една летна фудбалска забава во фудбалско Миравци!