Двајца жители на општина Дојран од вчера се во притвор – При претрес во домот на приведените пронајдена е марихуани и други предмети што ги теретат приведените за криминалното дело
На 21.07.2023 во 17:45 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода Д.М.(31) и Р.М.(24), двајцата од село Ѓопчели, дојранско.
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, воздушна пушка, пиротехнички средства и дробилка со остатоци од марихуана.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.