петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home OД НАШ АГОЛ

Поштарот од нашето маало

Eдна топла вистинита приказна

јули 23, 2023
in OД НАШ АГОЛ
Поштарот од нашето маало
0
SHARES
602
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Одамна постоел поштар, веројатно роден за тоа, љубезен, секогаш насмеан. Не се сеќавал на мајка му. Имал само две години кога починала некаде пред Втората светска војна. Татко му загинал во таа војна, па за него се грижела тетка му, сестра на татко му,го воспитувала заедно со нејзините две ќерки.

Детството поминато во Раковица, иако сиромашно, му било среќно, бидејќи израснал опкружен со љубов и внимание од тетка му и сестрите.
Потоа следело средно училиште, па војска во касарната во Постојна, Словенија, под команда на мојот вујко, тогашен млад подофицер.
Бил добар војник, сакан во и надвор од стројот.

Related posts

Кога мажите плачат во Кочани

Кога мажите плачат во Кочани

март 18, 2025
Никола и Матеј седеле заедно во клупа, заедно загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Никола и Матеј седеле заедно во клупа, заедно загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани

март 17, 2025

По враќањето во Раковица неговата тетка починала пред негови очи, совладана од тешка болест,1963 година. Се откажал од студии и се вработил во Поштата во Раковица. Сестрите набрзо се омажиле.Тогаш, во мала трошна куќа во Раковица, за прв пат ја почувствувал осаменоста. Работното место поштар,, со сите секојдневни средби со луѓе, било неговото бегство од осаменоста.

Кога поминал во Поштата во Нов Белград, се си дошло на свое место.Таму налетал на насмевката на Миљана која за него била магична. За три години имало свадба, раѓање на син и вселување во нов стан во блоковите.Осаменоста исчезнала, како никогаш да не постоела. Ја работел работата што ја сакал, имал прекрасно семејство. Жителите на реонот на кои им доставувал пошта го знаеле по неговата насмевка и љубезност, а соседите во зграда, како добар човек со големо срце.

Во соседниот солитер, на десеттиот кат, му се случило нешто незамисливо. Соседот Десимир, пензиониран подофицер, починал вo длабока старост.
Дошол на врата,да му ја донесе пензијата, но вратата никој не ја отворил. Мирисот на смртта се ширел од станот, кога полицијата влегла во станот, а тој се присетил на осаменоста што ја оставил одамна во малата, трошна куќа во Раковица. Старецот бил толку осамен што никој не забележал дека го нема, а живеел во солитер налик на пчеларник, покрај многу луѓе.
Не можел да ја поднесе помислата дека луѓето можат толку да се отуѓат едни од други и да доживеат таков тажен крај.

Недолго потоа жителите на Нов Белград забележале нешто чудно. Некои писма и сметки завршувале во погрешни поштенски сандачиња. Новите соседи добивале купишта погрешно насочена пошта, дури и поштенските сандачиња на локалните продавници содржеле секакви видови пошта што им припаѓале на некои од соседите во областа. Луѓето почнале да ја носат заскитаната пошта до вратите на соседите, не затоа што не знаеа кое поштенско сандаче на кого му припаѓа, туку повеќе од љубопитност, да дознаат за што се работи. Тие исто така барале од својот секогаш љубезен поштар да им ја објасни оваа чудна појава. Тој само ќе ги кренел рамениците со претпоставка дека тоа е дело на локална младина.”Комшии, најважно ми е дознаките и пензиите да дојдат во вистински раце и препорачаните писма.А сѐ друго,вам добро ви оди“Но позивите за војска?“, прашал некој. „ Е тогаш ќе ве најдат и во случај да ја откажат поштенската услуга“, ќе одговорел љубезниот поштар со половична насмевка.

Траело цели три години, а потоа се ограничило на новите станари.
Се интересирало и раководството на Поштата, но кратко и површно. Парите стигнувале во вистински раце, а Новобелграѓани само спорадично се жалеле.
Ретки биле оние што ќе му се нафрлеле за залутаната пошта,но, писмата за кратко време престанале да талкаат.

Во 1997 година, љубезниот поштар се пензионирал. Се собрале колеги да го испратат,па некој го прашал за скитачките писма.
– „Јас го правев тоа. Намерно.”
На масата завладеала тишина. Многумина имале сомнежи, но тој, каков што бил, педантен и учтив,не можел да прави такво нешто.
– “Морав. Откако го видов стариот Десимир мртов во станот, не можев да сфатам дека некои нормални луѓе можат да живеат со години врата до врата ,без да се напијат кафе заедно, практично без да се познаваат“, рекол поштарот.
Испил голтка вино и продолжил: „Некаде прочитав за еден поштар во Њујорк кој го правел истово. Излегува дека луѓето се насекаде исти. Успеа и овде и таму. Луѓето почнувале да се запознаваат, да се дружат. Некои живееле едни до други 5-6 години без да си ги знаат имињата.Тоа е тажно. Затоа многумина завршиле сами, а знам каква мака е тоа. Жив си, а не си жив“.

Тогаш му пришол негов колега поштар, од кој ја слушнав оваа приказна и го потапкал по рамо: „Е па ако си вала.Знаеш ли дека можеа да те суспендираат ако се дознаеше?“
Го погледнал својот колега и се насмевнал, како и секогаш „Би вредело“.

Во 2007 година поштарот починал од срцев удар. Не бил сам. До него била Миљана. Оние кои присуствувале на погребот велат дека не се сеќаваат на помасовен погреб.
Заслужено по белегот кој го оставил….
Се викал Јовица.(Гроф од Качулица)

Ова е една топла вистинита приказна превземена од Фејсбук

Посветено на поштарот од „нашето мало“ кој немал можност да ги помеша писмата, па некој комшија писмото адресирано за него (за поштарот) да го донесе пред неговата врата и да го најде дома, да го зазбори, да го одврати од мислите додека седел на балкон. Осамен „одлетал“ во некој негов замислен мир.

RIP нашинец. Најди спокој во небесата!

ShareTweetShareSend
Previous Post

ОВР Гевгелија приведе двајца дилери од Дојранско

Next Post

Започнува турнирот во мал фудбал „КМФ Миравци“ во Миравци

Next Post
Започнува турнирот во мал фудбал „КМФ Миравци“ во Миравци

Започнува турнирот во мал фудбал „КМФ Миравци“ во Миравци

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Нов детски парк во Негорци

Нов детски парк во Негорци

2 години ago
ПС ГП Стар Дојран со Кривични пријави против две лица

ПС ГП Стар Дојран со Кривични пријави против две лица

1 година ago
Гевгеличанецот Ризов се искачи на Килиманџаро со велосипед

Гевгеличанецот Ризов се искачи на Килиманџаро со велосипед

2 години ago
Низ погоните на „Текстилна корпорација” Гевгелија

Низ погоните на „Текстилна корпорација” Гевгелија

2 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија
  • Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија
  • ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

Хуманитарна трка по повод Светскиот ден на Пулмонална хипертензија во Гевгелија

мај 9, 2025
Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

Изложба „80 години од победата над фашизмот“ на НУ „Музеј“ Гевгелија

мај 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist