Познатата македонска народна песна „Јовано, Јованке“ деновиве се пее во центарот на Белград.
Не е во прашање љубов, како опеаната во песната, туку хуманост и желба за помош на болно девојче. А таа се вика Јована. Па каде да се најде таква песна за библиското име Јована освен во традиционалниот македонски фолклор.
Еве, со душа свират и пеат 11 другари на Јована на улица „Кнез Михајлова“ во Белград за да соберат средства потребни за лекување на нвната другарка.
– „Белград и Србија деновиве имаат нешто. Нешто што никому во светот не е јасно што е… Но те проголтува со својата едноставност. Со хуманоста…“ – напишаа на социјалните мрежи.
Ќе се сложите, нам на гевгеличани ни’ е блиско и познато, барем по бројните акции, концерти за Луна, за Емилија, за Дамјан … Нека се живи и здрави!