Вчерашниот неделен ден во Гевгелија се случи сообраќајна несреќа во која учесници се патничко моторно возило и мотоцикл. Со тешки телесни повреди во болница завршил мотоциклистот.
Во полицискиот билтен стои наведено следново:
На ден 23.07.2023 во 10:20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„7 Ноември“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(30) од с.Прдејци, гевгелиско и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.А.(60) од Гевгелија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.