Лице фрлило плински боци во двор од куќа и опожарило патничко возило „Ауди А6“ во селото Стојаково.
Настанот се случил среде ноќ претходната вечер.
Во извештајот на МВР стои наведено следното:
– „На 28.07.2023 во 06:45 часот било пријавено дека околу 04:30 часот во с.Стојаково во двор од куќа едно лице фрлило плински боци и опожарило патничко возило „Ауди А6“, сопственост на В.В.“.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.