Во енормната летна туристичка посетеност на ГП „Богородица“ со илјадници патници дневно полициските службеници на ПС ГП и Граничен надзор Гевгелија остануваат на ниво на задачата. Вчера тие привеле српски државјанин со фалсификувани документи.
Во извештајот на МВР е наведено дека:
„На 28.07.2023 во 07:00 часот во близина на Граничен премин Богородица од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ бил лишен од слобода М.К.(30) од Р.Србија.
Причина за приведувањето е поради тоа што при извршена контрола на патничко моторно возило „Фолксваген Туарег“ со српски национални ознаки кое го управувал М.К. констатирано било дека српската лична карта, швајцарската возачка дозвола и швајцарската дозвола за престој кои биле на име Л.Н.(31) , а кои ги дал на увид, биле фалсификувани“ – се вели во извештајот на МВР. .
Исто така, утврдено е дека постојат основи на сомнение дека тој бил соучесник и во сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ на 12.10.2022 и по насоки на ОЈО -ГОКК Скопје поднесена е кривична пријава.
Од страна на Судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија одредена му е мерка притвор.
Лицето М.К. од вчера е во притвор