Во еден ден на подрачјето на ОВР Гевгелија евидентирани се два случаи на физичко насилство за кои се превземаат понатамошни мерки за расчистување на случаите. Првата пријава доаѓа од жител на Богданци, втората од жител на с.Николиќ, а се случиле на подрачјето на Богданци и Дојран.
Во саботата, на 29.07.2023 во 09:35 часот В.Т.(69) од Богданци пријавил дека околу 03:30 часот во Богданци бил физички нападнат од П.Г. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вториот случај на насилство е пријавен исто во саботата на 29.07.2023 година. Пријавата е евидентирана во во 13:00 часот кога Н.К.(41) од с.Николиќ пријавил дека на 28.07.2023 (петок) околу 17:20 часот, во Дојран бил физички нападнат од И.М. од Нов Дојран. Од Полициската станица Гевгелија јавуваат дека се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.
Во истиот ден, саботен, пријава за насилство, но и приведување на наилникот, има и на подрачјето на СВР Струмица, каде под надлежност припаѓа и ОВР Гевгелија.
После полноќ, во 02:30 часот во Струмица од полициски службеници бил лишен од слобода З.Х.(38) од Струмица поради спречување на полициски службеник во вршење на службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, известуваат полициските служби.