Убавината на Македонската песна надалеку плени – песната „Македонско девојче“ отпеана од „Barcelona Gipsy BalKan Orchestra“ ги собра сите аплаузи од публиката на својот настап во Минхен, Германија.
Кога мелодијата плени, кога орнаменталниот звук ќе те вознесе се креваш и ракоплескаш и кога не го знаеш текстот. Таков е и односот на публиката на оваа извонредно вдуховена изведба на оркастарот од Шпанија.
„Barcelona Gipsy BalKan Orchestra“ оваа лето од август е на голема турнеја низ Балканот. Во август настапуваат во Херцег Нови во Црна Гора, потоа во Дубровник Хрватска, потоа во Мостар БиХ на Стариот мост од времето на Отоманското царство, а во септември продолжуваат во Унгарија и Чешката Република. Интересно е што на репертоарот ги имаат и македонските песни „Македонско девојче“, „Јане ле бело грло“ и други.
Музиката нашиот културен амбасадор, ги отвара границите на Балканот и го освојува со својата убавина.