Првиот фудбалски меморијал „Никола Гелебешев“ организиран во спомен на македонската голманска легенда од Гевгелија, заврши овој викенд и ги донесе победниците во четири возрасни категории.
На терен истрчаа 26 екипи и вкупно 260 младинци кои на ракометното игралиште во Гевгелија пред бројната публика играа мал фудбал и го исполнуваа спортскиот живот во лето кај нас.
Победничките трофеи ги добија:
1. Екипата на „У-10“ – Гевгелија (генерација 2013/2014),
1. „КМХ Валандово“ – (генерација 2011/2012)
1. „Скара бар Тире“ – (генераација 2009/10)
1. „Мики Џа Гевгелија“ – (генерација 2005/2008).
Беше доделен и пехар за најдобар играч на Турнирот, а него го доби Ристе Миленковиќ, прогласен од организаторот. За најдобри стрелци се прогласени Филип Лазаров и Давид Ашовалиев, а најдобри голмани – Милан Савов и Мартин Делиманов. Пехари и дипломи им беа доделени исто на завршната церемонија од турнирот.
Од останатите пласмани ќе ги истакнеме:
Генерација 2013/2014 првите три места ги освоија
1. Екипата на „У-10“ – Гевгелија
2. „Пенови Инженеринг“,
3. „Агро Бојмија“- Валандово
Во генерацијата 2011/2012,
1. првопласирани се „КМХ Валандово“,
2. второпласирани – „Кожуф 1“,
3. третопласирани – „Кожуф 2“.
Генерација 2009/2010
1. Првото место „Скара бар Тире“-Гевгелија;
2. второто на „Кафе бар Корзо“,
3. третото на „Месарница Маја“- Гевгелија.
Генерација 2005/2008:
1. ПРВИ се „Мики Џа Гевгелија“,
2. втори – „ЛПФ Кабрела“,
3. трети – „Барози бар“- Јосифово.
Организатор на двонеделниот меморијал е ЗГ Навивачка екипа „Фантоми Север“. Сите награди, дипломи и пехари до добитниците ги врачија Градоначалникот на општина Гевгелија Андон Сарамандов и синот на починатата голманска легенда на Гевгелија и Македонија, Коста Гелебешев.
Градоначалникот најави можност меморијалниот турнир за Гелебешев да прерасне во традиционален со целосна логистичка и финансиска поддршка од локалната самоуправа во Гевгелија.
Еве ја атмосферата од финишот на Турнирот во мал фудбал „Никола Гелебешев“ 2023.