Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски е победник на турнирот што се одржуваше во Крамзах, Австрија.
Македонецот вчера во финалето го победи Џерард Кампана Ли од Јужна Кореја, со 2:0. Во двата сета Ивановски беше подобар и ги реши со 6:2.
Ивановски кој е 335. На АТП ранг-листата беше втор носител на турнирот кој се играше за награден фонд од 25 илјади долари. Ли е 601. На АТП рангирањето.
Ова е втор трофеј за македонските тенисер. Претходно победи на турнир во Скопје минатиот месец.
Ивановски по освоениот турнир е пред прагот да биде меѓу 300-те најдобри на светот
Вчерашната титула освоена на фјучерс-турнирот во Австрија на најдобриот македонски тенисер во моментов,19-годишниот Калин Ивановски, му донесе нови 21 ранкинг бодови, кои ќе му бидат доделени на АТП-листата од следниот понеделник, со што тој ќе прескокне 33 ранкинг места нагоре од табелата, па нашиот талент ќе го има најдобриот рејтинг во кариерата – ќе биде 303. тенисер на светот.
Ивановски сѐ уште е тинејџер, но и покрај тоа веќе е трет најдобар досега во „белиот спорт“ кај нас, прескокнувајќи го Лазар Магдинчев, чиј најдобар резултат бил 339. место на листата.
Инаку, досега само два двајца Македонци биле меѓу првите 300 на светот во сингл, тоа се Предраг Русевски и Александар Китинов, а реално на ова друштво може му да се приклучи и Ивановски ако продолжи со добри игри и успеси.