„Во Солуна грош сомуна, до Солуна 100 сомуна“.
Вака народот ја објаснуваше пазарната економија и трошоците за патување. Тие дојдоа на израз ова лето особено со цените на концесионерите на плажите во Грција кои самоволно зафаќаат поголем простор од плажите и наплаќаат 100 о 120 евра дневно за лежалка на плажаш. Ако некога есапот се правел за сомун (леб), за летувалците важен е есапот за плажите, бидејќи тоа е целта на патувањето и летувањето.
Граѓани на Родос и Парос формираа динамична иницијатива против нелегалната приватизација на плажите во Грција, наречена „Движење пешкир“, објави Катимерини.
Имено, „пешкир-бунтот“ има за цел да ги направи повторно достапни за секого грчките плажи, и се против постоење на чувари на плажите, немање слободен простор и премногу скапи лежалки кои достигнуваат и до 120 евра.
– „Загрижени сме за беззаконието и непристојноста на плажите од компании кои експлоатираат делови од плажите и произволно го зафаќаат заедничкиот простор со лежалки и чадори, далеку над границите предвидени во договорите за концесија што ги потпишаа. Го браниме правото на граѓаните и посетителите на нашиот остров да имаат слободен пристап до плажите што ги сакаме. Грчкото лето е дел од нашата душа, дел од нашиот идентитет – да не дозволиме некој да ни’ го одземе“, наведува ова движење на социјалните мрежи“, пишува protothema.gr.
Движењето успеа да го привлече вниманието на обвинителството кое веднаш реагираше и излезе со меморандум во кој се вели дека „непречен пристап до плажите е стандарден за ова лето“.